DSLR-фотоапарати

Canon EOS 7D Mark II

AF и брзина од следната генерација. Сензор со 20,2 мегапиксели. 10fps. Робустно куќиште од магнезиумска легура.

Придобивки

  • Доловете ги краткотрајните моменти, без разлика колку се брзи случувањата

  • Слики со квалитет како за на изложба кои со гордост ќе ги изложите

  • Приспособлив и прилагодлив, за да работите на начин кој ви одговара

  • Откријте нови нивоа на креативност со опциите на фотоапаратот

  • Префрлете ја вашата фантазија на голем екран, со снимање видео записи како од кино

Детални карактеристики

  • Доловете го саканиот момент, без разлика колку се брзи случувањата

    Снимајте групи на слики со брзина до 10 слики во секунда, со целосен автоматски фокус и автоматска експозиција. Ракувањето со брз одзив ќе ви овозможи да ги доловите моментите кои траат дел од секундата, а големата меѓумеморија ќе ви овозможи да продолжите со фотографирањето без намалување на перформансите.

  • Во критични моменти кога острината е навистина важна

    Користејќи ја технологијата основана врз професионалната серија на фотоапарати EOS-1 од Canon, EOS 7D Mark II ги следи подвижните објекти низ целиот кадар и постојано го прилагодува фокусот за да обезбеди неверојатно остри резултати. Начинот на следење може да се прилагоди според различните ситуации за фотографирање, така што секогаш ќе ја имате контролата.

  • Фокус со следење при снимање видео записи

    EOS 7D Mark II врши континуирано фокусирање додека снимате видео снимки, благодарение на технологијата Dual Pixel CMOS AF која го изострува објектот додека е во движење. Брзината на фокусирање може да се постави да има брз одзив или, пак, да се намали за создавање ефекти со бавни промени во фокусирањето.

  • Доловете го моментот

    EOS 7D Mark II користи два процесори на слика “DIGIC 6” за да овозможи врвни перформанси. Минималното време на доцнење при фотографирањето ви овозможува да ги доловите краткотрајните моменти со неверојатна прецизност.

  • Испечатени материјали со квалитет како за на изложба, независно од временските услови

    Од животот во дивината до моторни спортови и улично фотографирање, новодизајнираниот сензор со 20,2 мегапиксели нуди резултати со кои ќе се гордеете кога ќе ги изложите. Дури и при слаба осветленост, EOS 7D Mark II снима фотографии и видео записи кои се полни со детали. AF системот на фотоапаратот може да фокусира прецизно дури и под светлината на месечината.

  • Уживајте во слики со добра експозиција директно од фотоапаратот

    Делејќи го кадарот во 252 посебни зони, EOS 7D Mark II ги избира најсоодветните поставки за експозиција при секое доближување на фотоапаратот до вашето око. Откривањето со инфрацрвени зраци овозможува прецизност во услови со лошо осветлување, а откривањето на треперење овозможува доследност при секое фотографирање под вештачка светлина.

  • Фотоапарат само за вас

    Како ќе го користите вашиот EOS 7D Mark II? Поставете ги контролите за фотографирање, системот за фокусирање и многу други прилагодливи контроли на начин кој ви одговара. Дури и 100% визир на фотоапаратот може да се прилагоди со неговиот електронски приказ во реално време.

  • Одете насекаде. Фотографирајте сè.

    Куќиштето со заштита од временски услови е изработено да ги издржи повеќето удари и гребнатини. Вградениот GPS вметнува географски ознаки за вашата локација и насока на компасот во секоја слика, за да можете да ги организирате сликите по локација и да погледнете каде сте патувале на компјутерот во вашиот дом.

  • Дозволете ѝ на креативноста да ве обземе

    Реализирајте ја вашата фотографска визија. Функциите HDR и фотографирањето со повеќе експозиции овозможуваат реализирање на вашата креативна визија директно преку фотоапаратот. Вградениот тајмер со интервали снима слики во однапред определени времиња - совршен за снимање бавни процеси во сцената или .забрзани видео снимки.

  • За видео снимки кои се креативни како фотографии

    Вашата креативност не треба да се ограничува само со фотографии. Користете го EOS 7D Mark II за да го примените вашиот талент за снимање видео записи и видео проекти од светот околу вас со стил како во кино. Целосната рачна контрола на поставките за експозиција, звук и голем број други функции ви овозможува секогаш да ги добиете саканите изглед и атмосфера.

  • Напредни функции за снимање

    Подобрете ги вашите видео проекти со функциите со индустриски стандарди. Уживајте во неверојатни Full HD записи со забавени движења со 60fps и преземете ја контролата на звукот преку приклучоците за микрофон и слушалки.

Спецификации

  • CMOS сензор со 20,2 мегапиксели

  • iTR AF

  • 10 слики/секунда

  • AF со 65 точки од вкрстен тип

  • Dual Pixel CMOS AF

  • IR-сензор за мерење + 150k

  • Неверојатни видео снимки од 1080p

  • Означете ги вашите слики со податоци за локацијата

  • Два отвора за картички

  • Повеќе експозиции

  • LCD-екран Clear View II

  • Интелигентен визир II

  • EOS систем

Објективи и блицови

  • Објективи за DSLR

    EF 70-300mm f/4-5.6L IS USM

    Објектив за зумирање од серија L од професионална класа кој е компактен за патувања и идеален за фотографирање движења, животот во дивината и спорт.
  • Објективи за DSLR

    EF 70-200mm f/4L IS USM

    Врвен објектив за зумирање од серија L со фиксна решетка од f/4 и стабилизација на слика кој е идеален за рачно фотографирање и фотографирање спорт.
  • Објективи за DSLR

    EF 70-200mm f/2.8L IS II USM

    Професионален објектив за зумирање од серија L со среден телефото опсег, моќна стабилизација на слика и решетка од f/2.8.
  • Објективи за DSLR

    EF 50mm f/1.4 USM

    USM објектив со високи перформанси и решетка од f/1.4 за општо фотографирање, фотографирање при слаба осветленост и портрети.
  • Објективи за DSLR

    EF-S 17-55mm f/2.8 IS USM

    Извонреден квалитет на слика кај објектив со зум
  • Објективи за DSLR

    EF-S 10-22mm f/3.5-4.5 USM

    USM објектив за зумирање со високи перформанси, извонредно широк агол и решетка од f/3.5-4.5 кој е одличен за пејзажи.
  • Објективи за DSLR

    EF-S 10-18mm f/4.5-5.6 IS STM

    Објектив за зумирање со достапна цена, извонредно широк агол, STM и стабилизација на слика, кој е идеален за пејзажи, патување и видеоснимки.
  • Објективи за DSLR

    EF-S 18-135mm f/3.5-5.6 IS STM

    Објектив за зумирање од 18-135mm за секаква намена со STM технологија. STM нуди рамномерно и тивко автоматско фокусирање при снимање видео, а динамичката стабилизација на слика ги намалува вибрациите во видеозаписите.
  • Објективи за DSLR

    EF-S 24mm f/2.8 STM

    Компактен фиксен објектив со достапна цена, STM и решетка од f/2.8, кој е идеален за фотографирање за време на патувањата и улично фотографирање.
  • Објективи за DSLR

    EF-S 15-85mm f/3.5-5.6 IS USM

    USM објектив за зумирање за општа намена со високи перформанси и стабилизација на слика, кој е идеален за фотографирање за време на патувањата.
  • EF 100mm f/2.8 Macro USM

    Макро објектив со високи перформанси за целосна слика со решетка од f/2.8, кој е одличен и за портрети.
  • EF 100mm f/2.8 Macro USM

    Макро објектив со високи перформанси за целосна слика со решетка од f/2.8, кој е одличен и за портрети.