Компактен и достапен, EF-S 18-55mm f/3,5-5,6 IS II претставува идеален објектив со стандарден зум за општа намена. Неговиот стабилизатор на слика со четири чекори обезбедува одлични перформанси во услови со слабо осветлување.
|
Достапен, висококвалитетен зум EF-S 18-55mm f/3,5-5,6 IS II е висококвалитетен објектив со стандарден зум кој ќе ги привлече фотографите кои сакаат да патуваат со мал багаж. Со еквивалент на фокусно растојание од 29-88mm во формат од 35mm, широкиот опсег на зумирање на објективот е соодветен за поголемиот дел од општото фотографирање. За фотографирање одблиску, работното растојание е само 0,25m (25cm) низ целиот опсег на зумот.
Стабилизатор на слика За минимизирање на ризикот од заматување на сликата, EF-S 18-55mm f/3,5-5,6 IS II применува технологија на стабилизација на слика со четири чекори од Canon. Тоа им овозможува на фотографите да користат брзини на блендата кои се до четири пати побавни од нормалната, без видливо зголемување на заматувањето на сликата - идеално за снимање при слаба осветленост.
Асферичен елемент на објективот со Super Spectra облога Освен тоа што обезбедуваат реалистичен баланс на боите и остри слики со висок контраст, Super Spectra облогите спречуваат привидни облици и одблесоци со апсорбирање на светлината која се рефлектира од сензорите на дигиталните фотоапарати или внатрешните елементи на објективот. Асферичниот елемент на објективот обезбедува остри слики со висок контраст - дури и кога блендата е целосно отворена.
Бленда со кружен отвор За снимките снимени при широк отвор на блендата, дијафрагмата на блендата со кружен отвор нуди рамномерно и еднакво заматување на позадината, овозможувајќи ви да ги истакнете предните објекти и да ги отстраните непотребните елементи.
Безоловно стакло При изработката на EF-S 18-55mm f/3,5-5,6 IS II се користи само еколошко безоловно стакло.
Дополнителна опрема EF-S 18-55mm f/3,5-5,6 IS II се испорачува со капаче за објективот и капаче за прав. Сенилото за објективот (EW-60C) и меката торбичка за објективот (LP814) се достапни како изборна дополнителна опрема.
|