Проширување на можностите кај фотографирањето со закосување и поместување Благодарение на уникатниот систем за ротирање на Canon, TS-E 24 mm f/3,5L II овозможува независно ротирање на закосувањето и поместувањето. Ова овозможува одделно контролирање на перспективата и длабочината на полето - со што значително се зголемува флексибилноста на објективот.
Најширок опсег на придвижување Со широкоаголна фокусна должина од 24mm и закосување од ±8,5°, плус поместување од ±12mm и ротација од ±90° кај механизмите за закосување и поместување, TS-E 24 mm f/3,5L II нуди исклучителна флексибилност. TS-E 17 MM F/4L исто така овозможува заклучување на механизмите за закосување и поместување заради избегнување на несаканите движења.
Објектив со елементи со висока прецизност За постигнување на врвна резолуција од едниот до другиот крај на сликата и ниско изобличување, се користи прецизна асферична леќа со голем дијаметар. За минимизирање на хроматската аберација која е честа кај широкоаголното снимање се користат три UD елементи. Овие карактеристики прават објективот да биде особено погоден за пејзажи и архитектонски фотографии.
Слој со структура со мала бранова должина Дизајниран за дигиталното фотографирање, патентираниот прекривен слој на Canon објективите помага да се минимизираат имагинарните облици и одблесокот предизвикани од внатрешната рефлексија - за добивање на остра и јасна слика.
Квалитетна робустна изработка Canon објективите од L серијата се изработени за нормално користење и при најсложени услови. Објективот е херметички затворен заради заштита од временски услови и прав, а исто така во пакетот се вклучени и сенило и торбичка.
Безоловна оптика При изработката на TS-E 24 mm f/3,5L II се користи еколошко безоловно стакло.
|