|
|
|
Дигиталните ЕОС фото-апарати SLR имаат поддршка од најисцрпниот систем на објективи во светот, кои се меѓусебно заменливи. Од ултра широкоаголен 14мм, до супер телефото објектив 600мм, објективите 60+ во сериите ЕФ ги опфаќаат сите можни барања за снимање фотографии. Видете го светот од нови перспективи. Снимете ја вашата визија низ очите на ЕОС.
|
|
|
|
|
|
|
Објективите за широкоаголно зумирање ви овозможуваат да го прилагодите опфатот на вашата снимка, за добивање на покреативна контрола и поширока перспектива. Тие нудат избор на широкоаголни фокусни должини кои се идеални за секакви сцени, од пејзажи па сè до затворени ентериери.
|
|
Оди на целата статија |
|
 |
|
|
|
Овие објективи за зумирање ги покриваат најпопуларните фокусни должини, од широкоаголно до телефото. Суштински дел за секој систем на EOS фотоапарат.
|
|
Оди на целата статија |
|
 |
|
|
|
Телефото зум објективите обезбедуваат опсег на фокусни должини кои ќе ви овозможат да се приближите до далечните објекти или брзите спортски сцени. Телефото зум објективите нудат бројни можности.
|
|
Оди на целата статија |
|
 |
|
|
|
Објективи кои се специјално дизајнирани за користење со дигиталните фотоапарати од Canon со APS-C сензори. Инженерите од Canon ја искористија предноста на помалите димензии на сензорот за произведување на помали и полесни објективи за употреба со овие дигитални фотоапарати. EF-S објективите нудат широк опсег на фокусни должини преку користење на најновите достигнувања од оптичката технологија.
|
|
Оди на целата статија |
|
 |
|
|
|
Широкоаголните објективи имаат поширок агол на видливост, обезбедувајќи поширока перспектива за снимање на огромни видици или сцени во близина. Исто така, тие се одликуваат со зголемена длабочина на полето, со што поголем дел од објектот ќе биде фокусиран. Со својот компактен дизајн тие се идеални за користење кога сте во движење.
|
|
Оди на целата статија |
|
 |
|
|
|
За поприроден агол на гледање и поприродна перспектива, се препорачува објектив со стандарден и среден телефото зум. Овие објективи се најблиску до начинот како човечкото око ги гледа објектите и тие се одлични за портрети.
|
|
Оди на целата статија |
|
 |
|
|
|
Телефото објективите ви овозможуваат да добиете поблизок поглед на објектите до кои обично тешко можете да се приближите како на пр. кај дивината или спортот. Обезбедувајќи долги фокусни должини и брза решетка, овие објективи овозможуваат фотографирање во широк опсег на услови.
|
|
Оди на целата статија |
|
 |
|
|
|
За прикажување на малите предмети во поглед со полна големина, изберете еден од објективите во оваа категорија. Макро објективите можат да ги откријат деталите кои не е можно да се откријат со око и даваат нова перспектива на исклучително ситните објекти како на пр. инсектите или ливчињата на мал цвет.
|
|
Оди на целата статија |
|
 |
|
|
|
Овие специјални објективи со нивното закосување и поместување дополнително ги прошируваат можностите за фотографирање. Закосувањето ви овозможува да добиете широка длабочина на поле дури и при максимална решетка и сè уште да ја задржите фокусираноста на целиот објект. Со поместувањето се врши корекција на трапезоидниот ефект кој се забележува кај снимките на високи објекти како зградите, така што тие нема да имаат изобличен изглед.
|
|
Оди на целата статија |
|
 |
|
|
|
Extender (додаток за продолжување) е името на Canon за телеконвертор. Овие додатоци со високи перформанси ја зголемуваат ефективната фокусна должина на прикачениот објектив за 1,4x или 2x. На пример, објектив од 200mm со додаток за продолжување 1,4x има ефективна фокусна должина од 280mm: со додаток за продолжување 2x, вредноста се зголемува на 400mm. Додатоците за продолжување се компатибилни само со одредени EF објективи, вклучувајќи ги EF 70-200mm f/2,8L USM, EF 70-200mm f/2,8L IS USM, EF 70-200mm f/4L, EF 100-400mm f/4,5-5,6L USM, EF 400mm f/4 DO IS USM и L серијата на објективи со фиксна должина од 135mm или повисоко.
|
|
Оди на целата статија |
|
 |
|
 |
|