Одете на почетната страница на Канон
Прелистајте ги вашите омилени производи на Канон и дознајте повеќе за нашите канцелариски решенија
Погледнете го нашиот возбудлив спектар на производи за корисници на професионални и домашни производи
Дознајте како Канон може да ви помогне да пронајдете совршено решение за вашата деловна активност
За сите информации за организацијата Канон
Детали за контакти во врска со глобалните активности на Канон
Целата техничка и друга помош која ви е потребна за да го добиете најдоброто од производите на Канон
Пронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон

Пронаоѓач на производ

Спореди производи

You Connect

Креативен парк

Услужете се сами

Нови производи

Производи и решенија

за дома

За на работа

За нас

Поддршка

Каде да
се купи

Контакт

Пребарај

Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Мемориски уреди за медиуми > Media Storage M30

Canon Media Storage M30
Мемориски уреди за медиуми

Media Storage M30

M30 е пренослив мемориски диск од 30GB, за EOS фотографот во движење. Опремен со 3,7" ЛЦД со висока резолуција, тој пружа прегледување на слики со врвен квалитет и безбедно чување во издржливо куќиште.

Карактеристики

  • 30GB HDD
  • 3,7" ЛЦД со висок квалитет
  • Издржливо куќиште од магнезиумска легура
  • Отвори за CF и SD картичка со правење резервна копија со едно копче
  • Автоматска проверка на податоци за време на преносот
  • Функција на презентација на слики
  • Компатибилен со популарните мултимедијални формати
  • Видливи EXIF податоци

30GB меморија и извонредно прегледување слики за EOS корисниците во движење.



30GB HDD
Со внатрешен цврст диск од 30GB, M30 обезбедува простор за чување за илјадници слики со висок квалитет, во еден уред лесен-за-носење.

3,7" ЛЦД со висок квалитет, со широк агол на гледање
3,7" ЛЦД обезбедува супериорна репродукција на боја, VGA резолуција и ултра-широк 1600 агол на гледање, за детално прикажување на вашите слики.

Куќиште од магнезиумска легура
M30 е изработен од цврста, лесна алуминиумска легура, креирајќи уред кој е доволно издржлив за да ве придружува насекаде.

Отвори за CF и SD картичка со лесно работење со резервна копија
Без оглед дало ќе одлучите да фотографирате на SD или на CompactFlash, вградените отвори ви овозможуваат практичен пренос на податоците. Едноставно вметнете ја мемориската картичка и, со допир на само едно копче, информациите се пренесуваат на HDD од M30, со брзини од преку 4 MB/с - додека верификацијата на податоци проверува дали вашите слики се дуплирани без да бидат корумпирани.

За безбедност имате на располагање заштита на сликите со лозинка
Вашите приватни слики нека останат приватни Заштитата со лозинка овозможува само вашата избрана публика да може да ги види сликите.

Функција на презентација на слики со заднинска музика
Без напор прегледајте голем број на датотеки, со помош на функцијата за презентација на слики, вградена во M30. Опцијата за додавање на заднинска музика ви овозможува да креирате моќни презентации на вашите слики, било каде:

поддршка за многу формати
M30 е многу повеќе од уред за гледање на слики, тој нуди поддршка за речиси сите популарни формати на аудио-визуелни датотеки, вклучувајќи JPEG, TIFF, MPEG 1, 2 и 4, MP3 и WAV. M30 ви овозможува и да чувате сликите во сопствениот формат на Canon, D-SLR RAW, што го прави идеално решение за фотографи кои треба да ги зачувуваат и прегледуваат сликите на терен.

Видливи се детални EXIF податоци
Добијте опширни EXIF детали - вклучувајќи датум и време на сликање, како и нагодувањата на камерата - за секоја слика, и тоа со само едно притискање на копче.

Поврзување на аудио/видео и на PictBridge
Приклучниците за аудио/видео овозможуваат лесно презентирање на вашата работа, едно едноставно поврзување и подготвени сте да ги пренесете сликите или звуците до поширока публика. Или, преку поврзување со само еден кабел, одберете да печатите директно на печатач компатибилен со PictBridge. Без компјутери, без компликации - само моментални копии на вашите слики, секогаш кога ви требаат.

Преземања

Брошури
Драјвери

Сродни производи

Дигитални SLR фото-апарати
Дигитални компактни фото-апарати
Камкордери со висока резолуција
ДВД Дигитални камкордери
Мини ДВ камкордери
  © Заштитени авторски права 2011 година   |   Одредби и услови за употреба