За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Film SLR Camera > EOS 3000V

Canon EOS 3000V
Film SLR Camera

EOS 3000v

EOS 3000V е компактен, лесен и стилски SLR, кој ви овозможува да сфатите колку возбудливо и креативно може да биде фотографирањето. Тој има извонредно брзо автоматско фокусирање, широко подрачје на AF и напредно 35-зонско мерење за проценка, поврзано со точка на фокусирање.

Карактеристики

  • Извонредно брзо автоматско фокусирање
  • Ултра-компактен стајлинг
  • 35-зонско мерење за проценка
  • Широко подрачје на автоматско фокусирање со 7 точки
  • Високо поставен вграден блиц
  • Голем ЛЦД
  • Континуирано сликање со макс 1,5 кадри во секунда
  • 12 режими на сликање
Тука започнува вашата фотографска кариера.



Стилски и ергономичен
Со својот компактен дизајн, лесен и ергономичен стајлинг, EOS 3000V лесно може да се користи со една рака. Командите се поставени токму онаму каде што треба да бидат. Навигацијата во менито е лесна благодарение на големиот ЛЦД.

Мерење и автоматско фокусирање
Фотоапаратот има 35-зонско мерење поврзано со точка на AF, така што прецизно ја пресметува точната експозиција. Широкото подрачје на AF со 7 точки совршено го зафаќа вашиот предмет, дури и кога е надвор од центарот (се поставува автоматски или рачно). Автоматското фокусирање е извонредно брзо и креира остри слики, дури и кога предметот се движи.

Блиц
Одозгора на EOS 3000V има вградена единица на блиц E-TTL, кој може да искокне автоматски. Високо поставениот блиц испорачува подобрено намалување на црвени очи и поврзан е со точките на фокусирање.

Режими на сликање
Достапни се 12 режим на сликање, со режим на AF кој е автоматски нагоден да одговара на соодветниот режим на сликање. Можно е континуирано сликање со приближно 1,5 кадри во секунда.

Механизмот на фотоапаратот за пренос на филмот е удобен и тивок.

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Брошури
Сродни производи
Објективи EF
Дигитални SLR фото-апарати
Рамни скенери
  © Заштитени авторски права 2011 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2009 година   |   Одредби и услови за употреба