За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Film SLR Camera > EOS 300X

Canon EOS 300X
Film SLR Camera

EOS 300X

Реактивен, подвижени динамичен, EOS 300X се врти заедно со вас при секое поместување во вашата креативна траекторија. Напредна Canon SLR технологија која реагира на вашите избори, а не да ги прави наместо вас.

Карактеристики

  • Брзо автоматско фокусирање
  • До 3 fps континуирано сликање
  • 1/4000 брзина на затворач
  • 35-зонско мерење
  • Широко подрачје на AF со 7 точки
  • Ергономично ракување со една рака
  • Мерење E-TTL II со автоматски блиц
  • 6 кориснички функции
  • 12 режими на сликање
  • Голем осветлен ЛЦД
  • Компактна и лесна
Чувствувајте се едно со фотографијата.

Екстремно брзо автоматско фокусирање и брзина на сликање до 3 fps се комбинирани за да го направат EOS 300X супер-модерен фотоапарат-на-избор за фотографските ентузијасти, кои се движат напред кон модерните SLR. Конструиран да го стави фотографот во целосна контрола, овој фотоапарат, богат со опции, е компатибилен со преку 60 EF објективи и со сите единици на блицови Speedlite.

Брзо фокусирање
Со само еден допир на копче, автоматското фокусирање може да се префрлува меѓу One-Shot AF (за статични предмети), AI Servo AF (следење на предмети што се движат) и AF/AI фокусирање AF (автоматско префрлување меѓу режимите). автоматското широко фокусирање со 7 точки обезбедува брзо фокусирање, дури и кај предметите кои не се во центарот. Точките на AF може да се избираат со лесен клуч за вкрстено избирање, а за лесна навигација, нивната положба е поставена одозгора во визирот. Брзината на затворачот е од 30 сек до 1/4000-ти дел од сек.

Погледнете и почувствувајте
Ергономски конструираното куќиште дејствува како продолжение на десната рака, со сите команди под прстите и со удобната гумена обвивка, која го прекрива просторот за држење, за сигурно ракување со една рака. Луксузната темна метална завршна обработка го заокружува фотоапаратот, кој изгледа подеднакво добро како и неговите перформанси. Со еден поглед видете ги сите нагодувања на фотоапаратот преку големиот осветлен ЛЦД.

E-TTL II
Системот на фотоапаратот за мерење E-TTL II испорачува прецизни и стабилни експозиции, како со вградениот блиц, пака и со надворешните блицови Speedlite. Податоците за оддалеченост, пренесени од фотоапаратот, ги елиминираат грешките предизвикани од одблесоци на предметот, а композицијата може да се менува додека правилната експозиција се одржува. Отчитувањата од многу блескавите предмети се игнорираат, давајќи им на предметите повистинска бела боја, како порцеланот и на венчалните фустани.

Вграден блиц
Моќниот вграден блиц што се собира, има водечки број 13 и покрива објективи до 28mm. Кога во употреба, главата на блицот излегува над објективот за да ја елиминира неговата сенка и за да ги редуцира неприродните сенки кои се формираат зад предметите. Блицот се синхронизира при 1/125-ти дел од сек.

Мерење
35-зонското мерење за проценка испорачува постојано точни експозиции, игнорирајќи ги особено светлите зони за да се постигнат балансирани експозиции при проблематично осветление. Режимите на експозиција вклучуваат програмска (Р), според затворач (Tv), според бленда (Av), рачна (М) и автоматска длабочина на поле (A-DEP). Шесте PIC програмски режими вклучуваат портрет, пејзаж, крупен кадар, спорт и ноќен портрет. Корисниците можат да користат шест кориснички функции за да си воспостават омилени нагодувања.

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Брошури
Драјвери
Сродни производи
SLR фото-апарати со филм
Објективи EF
Дигитални компактни фото-апарати
Компактни печатачи на фотографии SELPHY
Мини ДВ камкордери
  © Заштитени авторски права 2011 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2009 година   |   Одредби и услови за употреба