Голема моќност, компактен дизајн Освен тоа што е лесен и пренослив, Speedlite 320EX се одликува со број на водич 32 (m, ISO 100) кој му овозможува доволна моќност за осветлување на големи површини и далечни објекти.
Глава на блицот со можност за одбивање, вртење и зумирање Главата на блицот на Speedlite 320EX може да се подигне за 90 степени и да се ротира во лево и десно, овозможувајќи му на блицот да се одбива од ѕидовите и таванот за да се добие помек изглед без сенки. Аголот на осветлување може да се зумира за усогласување со аголот на видливост на објективите од 24 или 50mm.
Вградено LED видео светло Благодарение на вградениот постојан извор на LED осветлување, Speedlite 320EX е подеднакво корисен за снимање на видео при слаба осветленост како и за фотографирање.
Надворешен блиц кој е едноставен за користење Функционалноста на безжичен спореден блиц од Canon овозможува Speedlite 320EX подеднакво лесно да се користи и како надворешен блиц и кога е приклучен на приклучокот за блиц, притоа нудејќи безброј можности за креативно осветлување.
Далечинско фотографирање Експериментирајте со различни позиции на осветлување на брз и едноставен начин со помош на далечинското копче за бленда за далечинско активирање на фотоапаратот на одалеченост до 5m, додека го подесувате осветлувањето.
Брзо нечујно функционирање Speedlite 320EX се напојува со четири AA/LR6 батерии, кои овозможуваат бесчујно обновување по целосно празнење за само 2,3 секунди.
|