За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Инкџет факс уреди > FAX-JX210P

Canon FAX-JX210P
Инкџет факс уреди

JX210P

Компактен и со прифатлива цена, JX210P ќе ги покрие сите ваши потреби за факс нудејќи ви UHQ обработка на сликата за појасни факсови. Уредот располага со механизам за снабдување со 100 листови, функција за печатење од PC и ADF механизам за 20 листови за поголема практичност.

Карактеристики

  • Инк-џет факс уред со достапна цена
  • UHQ обработка на слика
  • FINE патрон
  • 9 броеви за бирање со еден допир, 60 меморирани броеви за брзо бирање
  • Стилски дизајн
  • Факс меморија за 60 страници
  • ADF за 20 листови
  • Автоматски механизам за снабдување за 100 листови
  • Печатар за PC преку USB
  • Брзина на ласерско печатење – 5,5 ipm (црно-бело)*
Висококвалитетна работа со факсови и достапна цена.



Инк-џет факс уред со достапна цена
JX210P е инк-џет факс уред со интегрирана телефонска слушалка, кој ви овозможува испраќање и примање на детални и јасни факсови на обична хартија, но и вршење на телефонски повици. Искористете ги функциите кои ќе ви заштедат време и пари: идентификацијата на повикувачот и заштитата од директна пошта ќе ви овозможат контрола на приемот, со што ќе заштедите мастило и хартија*. Функцијата за сигурносно бирање ќе ве ослободи од грижите дали вашите документи се испратени на вистинското одредиште.

UHQ технологија за обработка на слика
Технологијата за обработка на слика со ултра висок квалитет (UHQ) со 256 тонови на сиво се применува за верно скенирање на дијаграми, фотографии и документи при испраќањето факсови, така што можете да бидете сигурни дека на приемната страна резултатите ќе бидат неверојатно јасни.

FINE патрони
FINE технологијата на патрони од Canon ви нуди одлично црно-бело печатење и јасни документи. Уредот е компатибилен со PG-40 патроните (1x испорачан) како и со PG-50 патроните за намалување на трошоците и подолг период помеѓу менувањето на патроните.

9 броеви за бирање со еден допир и 60 меморирани броеви за брзо бирање
Можете да поставите до 9 најчесто користени броеви како броеви за бирање со еден допир. Дополнителни 60 броеви можете да зачувате како меморирани броеви за брзо бирање со што ќе го избегнете постојаното барање на броевите. На меморираните броеви за брзо бирање ќе можете лесно да им пристапите со помош на практичното повеќефункциско копче во центарот на панелот.

Стилски дизајн
Со својот привлечен и ненаметлив дизајн, JX210P одлично се вклопува во компактните простори. Тој е совршен за малите и домашните канцеларии, продавниците или прометните ресторани – т.е. за сите деловни опкружувања каде просторот е особено важен.

Факс меморија за 60 страници
Меморијата за 60 страници нуди складирање на дојдовните факсови – така што дојдовните факсови нема да бидат изгубени дури и доколку ви снема хартија.

ADF механизам за 20 листови
Нема потреба постојано да бидете во близина на факсот. Автоматскиот механизам за снабдување со документи (ADF) за 20 листови ќе ја преземе улогата на примање големи документи страна по страна.

Автоматски механизам за снабдување за 100 листови
Автоматскиот механизам за снабдување со голем капацитет ќе го намали загубеното време за додавање на хартија.

Печатар за PC преку USB
JX210P исто така може да се користи како инк-џет печатар доколку се поврзе со PC со помош на USB кабел. Резолуцијата на печатење е 600x600dpi така што документите, графиката и сликите ќе можат да бидат отпечатени со одличен црно-бел квалитет со брзина од 5,5 ipm** (црно-бело).

* Погледнете ги спецификациите
** Брзината на печатење се базира на ISO/IEC FCD 24734 ESAT

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Брошури
Драјвери
ISO Print & Copy Speeds
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2009 година   |   Одредби и услови за употреба