Со Super G3 33,6kpbs Super G3 модем, вградена дигитална телефонска секретарка, 120-страници факс меморија и подобрено ракување со хартијата, овој стилски и сигурен inkjet факс, со високи спецификации, нуди вистинска вредност за парите.
|
Брзина и стил Искористете ги предностите од високите перформанси, пристапното и сигурно примање и испраќање факсови со обична хартија. Super G3 модем ги испраќа факсовите со до 3 секунди по страница*, со што се намалуваат телефонските трошоци - а може да се примаат и повеќе факсови без блокирање на линијата. Овој стилски и компактен inkjet факс има мали димензии, така што лесно го собира во секое опкружување.
Печатење со висок квалитет и со голема брзина
FAX-JX500 е првиот факс кој ја користи напредната технологија на глава за печатење FINE* од Canon, за да се постигне печатење со висок квалитет и со голема брзина. Резолуција на печатење од 600 x 600dpi испорачува факсови кои се јасни и лесни за читање - со голема брзина на печатење од 10 секунди по страница. FAX-JX500 можете да го користите дури и како практична машина за копирање, и тоа со истите брзи, професионални резултати.
Вградена дигитална телефонска секретарка
Вградената дигитална телефонска секретарка со 30 минути време на снимање овозможува да не пропуштите ниту една порака кога не сте во канцеларија. Ги добивате погодностите од вкупно решение за факс, телефон, телефонска секретарка и фотокопир, во еден компактен апарат.
Сигурно испраќање факсови без грижи
Меморијата за факс, од 120-страници**, безбедно ги чува сите дојдовни документи доколку ви снема хартија или тонер, за да ги отпечатите подоцна. И долгите документи може брзо да се скенираат пред преносот, за автоматско испраќање од меморијата, со што се ослободува скапоцено време.
Флексибилно ракување со хартијата
Автоматскиот механизам за вовлекување документи (ADF), за 20 страници, ви овозможува лесно да испраќате по факс големи документи со повеќе страници, без претходно да ги раздвојувате. Автоматскиот механизам за вовлекување, за 100 листа, го намалува времето за дополнување хартија во касетата.
Брзо бирање што штеди време
Достапни се 9 копчиња со еден допир и со 100 скратени шифрирани броеви за брзо бирање, за чување на броевите на сите ваши редовни контакти. Практичното копче за директориумот ви овозможува брзо да пребарувате низ броевите за брзо бирање.
Испраќајте ги по факс и најситните детали
Технологијата на обработка на слика со ултра-висок квалитет (UHQ) совршено пренесува документи со многу детали, како шеми или фотографии со текст. Репродукцијата во полутонови, со 256 сиви скали, на сликите им дава дополнителна длабочина и јасност.
Запрете ги несаканите факсови
Запрете ги несаканите факсови или факсовите со реклами и заштедете на хартија и мастило. Директна превентивна функција ги ограничува дојдовните факсови на познати броеви или на преноси кои носат информации за TTI (Transmitter Terminal Identification).
Економичен режим на штедење мастило
Специјалниот режим на штедење мастило овозможува заштеда на преку 40% мастило во однос на нормалното користење - со што ви помага да ги намалите своите трошоци.
* Инженеринг на Inkjet дизни за полна фотолитографија ** Базирано на ITU-T стандардна табела бр.1
|