Canon FAX-JX510P Инкџет факс уреди
|

|
|
|
Супер G3 JX510P претставува брз и целосно опремен факс, телефон и дигитална телефонска секретарка со можност за печатење преку PC, кој е идеален централен уред за вашите факс комуникации.
|
|
Карактеристики |
- Извонреден G3 инк-џет факс, телефон и телефонска секретарка
- UHQ обработка на слика
- FINE патрон
- 9 броеви за бирање со еден допир, 100 меморирани броеви за брзо бирање
- Факс меморија за 120 страници
- 600x600dpi квалитет на печатење
- Црно-бел печатар за PC преку USB
- Брзина на ласерско печатење – 5,5 ipm (црно-бело)*
|
|
Одлично решение за брз факс, телефон, копир, печатар и телефонска секретарка. |
|
Извонреден G3 инк-џет факс Испраќајте факсови брзо и ефикасно со извонредниот G3 модем на JX510P, кој овозможува испраќање на факсови за само 3 секунди по страница.
Искористете ги функциите кои ќе ви заштедат време и пари: идентификацијата на повикувачот и заштитата од директна пошта ќе ви овозможат контрола на приемот, со што ќе ја избегнете несаканата пошта и ќе заштедите мастило и хартија. Функцијата за сигурносно бирање ќе ве ослободи од грижите дали вашите документи се испратени на вистинското одредиште.
Телефон и телефонска секретарка Благодарение на вградениот телефон со слушалка и дигиталната телефонска секретарка, сите ваши потреби за деловна комуникација ќе бидат задоволени. Заштедете простор користејќи само еден уред за вашите телефонски повици, факсови и пораки.
Дигиталната телефонска секретарка нуди мемориски простор за повици до 30 минути при што можат да се зачуваат до 50 пораки.
UHQ технологија за обработка на слика Технологијата за обработка на слика со ултра висок квалитет (UHQ) со 256 тонови на сиво се применува за верно скенирање на дијаграми, фотографии и документи при испраќањето факсови, така што можете да бидете сигурни дека на приемната страна резултатите ќе бидат неверојатно јасни.
FINE патрон FINE технологијата на патрони од Canon ви нуди одлично црно-бело печатење и јасни документи. Уредот е компатибилен со PG-40 патроните (1x испорачан) како и со PG-50 патроните за намалување на трошоците и подолг период помеѓу менувањето на патроните.
9 броеви за бирање со еден допир и 100 меморирани броеви за брзо бирање Можете да поставите до 9 најчесто користени броеви како броеви за бирање со еден допир. Дополнителни 100 броеви можете да зачувате како меморирани броеви за брзо бирање со што ќе го избегнете постојаното барање и бирање на броевите. На меморираните броеви за брзо бирање ќе можете лесно да им пристапите со помош на практичното повеќефункциско копче во центарот на панелот.
Вие ќе можете да испратите што ќе посакате, кога ќе посакате и каде ќе посакате со помош на одложеното и секвенцијалното испраќање на до 110 локации.
Факс меморија за 120 страници Меморијата за 120 страници нуди складирање на дојдовните факсови – така што дојдовните факсови нема да бидат изгубени дури и доколку ви снема хартија.
ADF механизам за 20 листови Нема потреба постојано да бидете во близина на факсот. Автоматскиот механизам за снабдување со документи (ADF) за 20 листови ќе ја преземе улогата на примање големи документи страна по страна.
Црно-бел печатар за PC со 600x600dpi JX510P исто така може да се користи како инк-џет печатар доколку се поврзе со PC со помош на USB кабел. Резолуцијата на печатење е 600x600dpi така што документите како резервациите или упатствата, графиката па дури и сликите ќе можат да бидат отпечатени со одличен црно-бел квалитет со брзина од 5,5 ipm (црно-бело).**
* Погледнете ги спецификациите ** Брзината на печатење се базира на ISO/IEC FCD 24734 ESAT
|
|
 |
|