За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Ласерски факс уреди > i-SENSYS FAX-L140

Canon i-SENSYS FAX-L140
Ласерски факс уреди

i-SENSYS FAX L-140

Добијте квалитет на професионален ласерски телефакс, во компактен и стилски дизајн, со пристапниот факс Super G3. Лесен за користење и штедлив, тој е идеалното решение за малите и средните претпријатија.

Карактеристики

  • Компактен и брз факс Super G3
  • 340 страници* меморија за испраќање и примање факсови
  • 15 броја за бирање со еден допир и 100 шифри за брзо бирање
  • Автоматски механизам за вовлекување документи, за 30-страници
  • Капацитет за хартија од 150 страници
  • Работа со слики со ултра-висок квалитет
  • Практично копирање
  • Касета се-во-едно
Величествен квалитет на ласерски факс во компактна и стилска единица



Брзо, ефикасно испраќање факсови
Факсот Super G3 пренесува документи за само 3 секунди по страница* за да ви ги сведе трошоците за комуникација на минимум. Факсовите може да се испраќаат и примаат во најкусо можно време, со што се ослободува телефонската линија.

Испраќање факсови без грижи
Доколку се потрошат хартијата или тонерот, меморијата за 340 страници* безбедно ги чува сите дојдовни документи за да ги отпечатите подоцна. И долгите документи може брзо да се скенираат пред преносот за да се заштеди време - па потоа автоматски да се испраќаат од меморијата.

Брзо, едноставно бирање
Бирањето е брзо и едноставно, бидејќи 15 копче за бирање со еден допир и 100 шифрирани броеви за брзо бирање ги чуваат сите ваши редовни броеви. 2-реден екран со заднинско светло овозможува лесно ракување со факсот.

Брзо вовлекување документи
Со автоматскиот механизам за вовлекување документи, за 30 страници, можете лесно да испраќате или да копирате долги документи во една постапка. Заштедете време и на дополнувањето хартија, благодарение на капацитетот за хартија од 150 листа.

Ултра-висок квалитет
Нашата технологијата на ултра-висок квалитет на обработка на сликата обезбедува сите детали да излезат јасно, кога испраќате документи, кои содржат дијаграми, фотографии или ситен текст. Репродукцијата во полутонови, со 256 сиви скали, на сликите им дава дополнителна длабочина и јасност.

Практично копирање
Користете го овој телефакс како практичен фотокопир , со брзина од 12 копии во минута. Нула време на загревање од режим на спиење, така што нема чекање или губење време.

Касета се-во-едно
Едноставно заменете ја касетата се-во-едно, која ги содржи тонерот, барабанот и сите суштински делови, и вашиот факс е речиси како ‘нов’. Нема валкање, нема компликации - само постојани резултати со висок квалитет.

Штеди енергија
Овој штедлив и еколошки прилагоден факс користи само 3 вати во режимот на спиење.

* Базирано на ITU-T стандардна табела бр.1

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Брошури
Драјвери
Сродни производи
Ласерски мултифункционални уреди
  © Заштитени авторски права 2011 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2009 година   |   Одредби и услови за употреба