Одете на почетната страница на Канон
Прелистајте ги вашите омилени производи на Канон и дознајте повеќе за нашите канцелариски решенија
Погледнете го нашиот возбудлив спектар на производи за корисници на професионални и домашни производи
Дознајте како Канон може да ви помогне да пронајдете совршено решение за вашата деловна активност
За сите информации за организацијата Канон
Детали за контакти во врска со глобалните активности на Канон
Целата техничка и друга помош која ви е потребна за да го добиете најдоброто од производите на Канон
Пронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон

Пронаоѓач на производ

Спореди производи

You Connect

Креативен парк

Услужете се сами

Нови производи

Производи и решенија

за дома

За на работа

За нас

Поддршка

Каде да
се купи

Контакт

Пребарај

Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Ласерски факс уреди > i-SENSYS FAX-L160

Canon i-SENSYS FAX-L160
Ласерски факс уреди

i-SENSYS FAX

Искористете ги предностите од продуктивни и сигурни перформанси на испраќање факсови со овој компактен и стилски ласерски факс. Идеален за средни и мали претпријатија, тој може и да се користи како професионален ласерски печатач.

Карактеристики

  • Компактен и брз факс Super G3
  • 340 страници* меморија за испраќање и примање факсови
  • 15 броја за бирање со еден допир и 100 шифри за брзо бирање
  • Автоматски механизам за вовлекување документи, за 30-страници
  • Капацитет за хартија од 150 страници
  • Работа со слики со ултра-висок квалитет
  • Функции на печатење и копирање
  • Патрон Сè-во-едно

Компактен ласерски факс со професионален квалитет на печатење



Брзо, ефикасно испраќање факсови
Факсот Super G3 пренесува документи за само 3 секунди по страница* за да ви ги сведе трошоците за комуникација на минимум. Факсовите може да се испраќаат и примаат во најкусо можно време, со што се ослободува телефонската линија.

Испраќање факсови без грижи
Доколку се потрошат хартијата или тонерот, меморијата за 340 страници* безбедно ги чува сите дојдовни документи за да ги отпечатите подоцна. И долгите документи може брзо да се скенираат пред преносот за да се заштеди време - па потоа автоматски да се испраќаат од меморијата.

Брзо, едноставно бирање
Бирањето е брзо и едноставно, бидејќи 15 копче за бирање со еден допир и 100 шифрирани броеви за брзо бирање ги чуваат сите ваши редовни броеви. 2-реден екран со заднинско светло овозможува лесно ракување со факсот.

Брзо вовлекување документи
Со автоматскиот механизам за вовлекување документи, за 30 страници, можете лесно да испраќате или да копирате долги документи во една постапка. Заштедете време и на дополнувањето хартија, благодарение на капацитетот за хартија од 150 листа.

Ултра-висок квалитет
Нашата технологијата на ултра-висок квалитет на обработка на сликата обезбедува сите детали да излезат јасно, кога испраќате документи, кои содржат дијаграми, фотографии или ситен текст. Репродукцијата во полутонови, со 256 сиви скали, на сликите им дава дополнителна длабочина и јасност.

Брзо печатење и копирање
Употребете го овој факс преку USB конекцијата како продуктивен ласерски печатач со 14 страници во минута. Со перформансите на брзо прво печатење речиси да нема време на загревање од режимот на мирување, така што нема чекање. Можете и да копирате документи со 12 страници во минута.

Патрон Сè-во-едно
Едноставно заменете го патронот Сè-во-едно, кој ги содржи тонерот, барабанот и сите суштински делови, и вашиот факс е речиси како ‘нов’. Нема валкање, нема компликации - само постојани резултати со висок квалитет.

Штеди енергија
Овој штедлив и еколошки прилагоден факс користи само 3 вати во режимот на спиење.

* Базирано на ITU-T стандардна табела бр. 1

 Испечати ја оваа страница 

Преземања

Брошури
Драјвери

Сродни производи

Ласерски мултифункционални уреди
  © Заштитени авторски права 2011 година   |   Одредби и услови за употреба