Овој ласерски факс за голем обем на работа, со напредна функционалност за испраќање факс и за копирање, е идеален за големи, зафатени канцеларии. Големиот капацитет на хартија, двонасочната обработка и изборното мрежно работење обезбедуваат максимална продуктивност.
|
Брзо, сигурно испраќање факсови Робусниот дизајн на FAX-L3000 овозможува брзо и сигурно испраќање на голема количина факсови, во големи претпријатија. Модемот за факс Super G3 ги пренесува документите за 3 секунди по страница*, така што телефонските трошоци се намалени а персоналот троши помалку време стоејќи крај машината. Може да се примаат повеќе факсови без блокирање на линијата, што штеди уште повеќе време.
Практично копирање Овој посветен факс има двојна улога и како ласерска машина за копирање, со голема брзина и со висок квалитет - со копирање со 22cpm (копии во минута) и брзо време на излегување на прва копија од помалку од 13 секунди.
Автоматска двонасочна обработка и механизам за вовлекување документи Автоматското двострано испраќање факсови, копирање и печатење** ја зголемува продуктивноста и ги крати трошоците за хартија. Автоматскиот двонасочен механизам за вовлекување документи, за 50-страници, го забрзува извршувањето. Скенирајте двострани документи со брза стапка од 37 слики во минута на А4 - штедејќи време и компликации.
Голема залиха на хартија Стандардната залиха хартија се состои од касета за 500 листа и повеќенаменски магацин за 100 листа. Дополнителната касета за 500 листа го крева ова на вкупно 1100 листа, што ќе ја задоволи и напорната работа со најголеми барања.
Безбедност и контрола на трошоците Управувањето со идентификација на одделени и на корисник го ограничува користењето на машината само на персоналот и ви дава да имате увид во сите трошоци. На сите одделенија и корисници може да им се додели различна идентификација или лозинка, со што ќе се обезбеди комплетна безбедност.
Испраќање факсови без ризик Доколку наеднаш се потроши хартијата или тонерот, стандардната меморија за 512 страници* (максимално 1500) безбедно ги чува сите дојдовни документи за да ги отпечатите подоцна. Во случај да снема струја, резервните копии на факсовите и на останатите податоци се чуваат во меморијата до три часа.
Брзо бирање Бирањето е брзо и едноставно, со 80 копчиња за брзо бирање со еден допир и со 200 шифрирани броеви за бирање, за чување на броевите на сите ваши редовни контакти.
Ултра-висок квалитет При пренесување документи со многу детали, како шеми или фотографии со текст, нашата технологија со ултра-висок квалитет обезбедува совршена завршна обработка. Репродукцијата во полутонови, со 256 сиви скали, дава дополнителна длабочина и јасност.
Чиста касета се-во-едно Едноставно заменете ја касетата се-во-едно, која ги содржи тонерот и сите суштински делови, и вашиот факс е повторно како нов. нема валкање, нема компликации - само постојани резултати со висок квалитет.
Изборно мрежно печатење Изборниот комплет за печатење донесува продуктивно мрежно печатење и компјутерско испраќање факсови до сите корисници, поврзани во мрежата. Далечинскиот кориснички интерфејс овозможува лесно следење на статусот на машината.
* Базирано на ITU-T стандардна табела бр. 1 ** Со изборен комплет за печатење
|