Овој мрежен ласерски факс за голем обем на работа, со напредна функционалност за испраќање факс, копирање и печатење, е во можност да ги задоволи и работните оптоварувања со најголеми барања. Изборната функционалност SEND ја зголемува продуктивноста и компатибилноста.
|
Брзо, ефикасно испраќање факсови Овој робустен факс им го нуди на големите претпријатија крајното во ефикасното испраќање факсови. Модемот за факс Super G3 ги пренесува документите за 3 секунди по страница*, така што телефонските трошоци се намалени. Може да се примаат повеќе факсови без блокирање на линијата, што штеди уште повеќе време.
Печатење и копирање Искористете ги предностите од професионално ласерско печатење и копирање при 22 cpm/ppm (A4). На располагање се време на излегување на првата копија, пократко од 13 секунди, како и перформансите на брзо прво печатење, со речиси нула време на загревање од режимот на мирување.
Автоматска двонасочна обработка и механизам за вовлекување документи Автоматското двострано испраќање факсови, копирање и печатење ја зголемува продуктивноста и ги крати трошоците за хартија. Двостраниот автоматски механизам за вовлекување документи, за 50 страници, може да скенира со брза стапка од 45 слики во минута (А4). Може да скенира дури и документи во А3 (само еднонасочно).
Вградено работење во мрежа Вграденото работење во мрежа донесува продуктивно мрежно печатење и компјутерско испраќање факсови до сите корисници, поврзани во мрежата. Далечинскиот кориснички интерфејс овозможува лесно следење на статусот на машината. Поддршката за PCL5e/6 обезбедува целосна компатибилност со постојните опкружувања за печатење со PCL.
Изборна функционалност SEND Со изборната функционалност SEND, FAX-L3000IP дејствува како централен комуникациски разводник за дигитално споделување канцелариски документи, кревајќи ги ефикасноста на работниот тек и продуктивноста. Корисниците можат да скенираат документи во боја директно до, до мрежен сервер (SMB и FTP) или до интернет факс. Проследувањето факсови ви овозможува автоматско или условено проследување факсови до други дестинации.
Голема залиха на хартија Стандардната залиха хартија се состои од касета за 500 листа и повеќенаменски магацин за 100 листа. Дополнителната касета за 500 листа го крева ова на вкупно 1100 листа, за напорната работа со најголеми барања.
Безбедност и контрола на трошоците Управувањето со идентификација на одделени и на корисник го ограничува користењето на машината само на персоналот и ви дава да имате увид во сите трошоци. На сите одделенија и корисници може да им се додели различна идентификација или лозинка, со што ќе се обезбеди комплетна безбедност.
Испраќање факсови без ризик Доколку се потрошат хартијата или тонерот, стандардната меморија за 1500 страници* безбедно ги чува сите дојдовни документи за да ги отпечатите подоцна. Во случај да снема струја, резервните копии на факсовите и на останатите податоци се чуваат во меморијата до три часа.
Брзо бирање Бирањето е брзо и едноставно, со 80 копчиња за брзо бирање со еден допир и со 200 шифрирани броеви за бирање (максимум 500)**, за чување на броевите на сите редовни контакти.
* Базирано на ITU-T стандардна табела бр. 1 ** Со изборен комплет SEND
|