За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Ласерски факс уреди > i-SENSYS FAX-L390

Canon i-SENSYS FAX-L390
Ласерски факс уреди

L390

Овој професионален факс и печатач е идеален за интензивно користење. Продуктивните опции вклучуваат голема факс меморија и голем капацитет на хартија - со управување со ИД на одделение, за контрола на трошоците.

Карактеристики

  • Ласерски факс Super G3 за обична хартија
  • 510-страници* факс меморија
  • Капацитет за хартија од 500-листа
  • Автоматски механизам за вовлекување документи, за 50-страници
  • Функција за управување со ИД на одделение, за контрола на трошоците и за зголемување на безбедноста
  • Работа со слики со ултра-висок квалитет
  • Ласерски печатач со 18 ppm, 600 dpi
Безбеден професионален факс и печатач со голема брзина, за интензивно користење



Брзина која ги крати трошоците
Овој Super G3 ласерски факс ги пренесува документите со 3 секунди по страница*, така што вашите телефонски трошоци се намалуваат, а се троши и помалку време стоејќи крај апаратот. Може да се примаат повеќе факсови без блокирање на линијата, што штеди дури уште повеќе време.

Испраќање факсови без грижи
Доколку во текот на ноќта или викендот се потрошат хартијата или тонерот, стандардната меморија за 510 страници* безбедно ги чува сите дојдовни документи за да ги отпечатите подоцна. И долгите документи може брзо да се скенираат пред преносот, па потоа автоматски да се испраќаат од меморијата.

Високопродуктивни опции
Екстра голем капацитет од 500 листа хартија овозможува поретко полнење на касетата. Со автоматскиот механизам за вовлекување документи, за 50 страници, лесно да можете испраќате по факс големи документи, без претходно да ги раздвојувате. Бирањето е брзо и едноставно, бидејќи 31 копче за бирање со еден допир и 169 шифрирани броеви за бирање ги чуваат сите ваши редовни броеви. Изборната слушалка придонесува кон практичноста.

Контрола на трошоците и зголемена безбедност
i-SENSYS FAX-L390 е опремен со функција за управување со ИД на одделение, за контрола на трошоците и за зголемена безбедност. Ова ви овозможува да нагодите и да меморирате различни идентификации и лозинки за секое одделение и да го ограничите користењето само на овластен персонал. Идеален за управување и за контрола, тој ви овозможува да ги проверувате вкупното испраќање факсови, печатење и копирање за секој корисник и секое одделение.

Ултра-висок квалитет
Искористете ги предностите од испраќање факсови со ласерски квалитет со свежи, јасни слики. Кога пренесувате документи со многу детали, како шеми или фотографии со текст, уникатната технологија на Canon за Ултра-висок квалитет секојпат обезбедува совршена завршна обработка. Репродукцијата во полутонови, со 256 сиви скали, дава дополнителна длабочина и јасност.

Брзо ласерско печатење
i-SENSYS FAX-L390 може да се користи како ласерски печатач или машина за копирање со 18 страници во минута, преку USB поврзување. Добијте отпечатоци со супериорен квалитет, со висока резолуција од 600 dpi. Нашата технологија на фиксирање речиси го елиминира времето на загревање, за уште побрза работа.

Чиста касета се-во-едно
Едноставно заменете ја касетата се-во-едно, која ги содржи тонерот и сите суштински делови, и вашиот факс е повторно како нов. Нема валкање, нема компликации - само постојани резултати со висок квалитет.

* Базирано на ITU-T стандардна табела бр. 1

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Брошури
Драјвери
Сродни производи
Ласерски мултифункционални уреди
  © Заштитени авторски права 2011 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2009 година   |   Одредби и услови за употреба