PIXMA MG2150 е компактен и стилски "сè-во-едно" уред. Тој нуди брзо, ефикасно и висококвалитетно печатење, копирање и скенирање. Благодарение на практичниот FastFront, заменувањето на мастила и хартија е едноставно.
|
Одличен квалитет Совршен за оние кои водат сметка за својот буџет, овој компактен "сè-во-едно" уред е идеален за секојдневно печатење, скенирање и копирање. Водечкиот систем на картриџи FINE од Canon, кој користи минимални капки мастило со големина од 2pl во комбинација со резолуција на печатење до 4800dpi, обезбедува рамномерно печатење со фото-лабораториски квалитет без речиси никаква зрнеста текстура и остар црн текст. Намалете ги трошоците за печатење со користење на изборни картриџи XL FINE.
Брзо печатење за во домот Благодарение на практичните ISO ESAT брзини од 8,4 слики/мин. за еднобојни документи и 4,8 слики/мин. за документи во боја, времето за чекање на вашите документи е многу кратко. Печатењето без рабови со неверојатен фото-лабораториски квалитет и димензии од 10x15cm се врши за приближно 44 секунди.
Едноставни за употреба и компактни Користејќи ги придобивките од функцијата FastFront, снабдувањето со хартија и заменувањето на мастила лесно може да се изврши од предната страна, а како резултат на тоа се добива покомпактен дизајн. Тоа овозможува поставување на овој "сè-во-едно" уред поблиску до ѕид или полица - при што зазема помалку простор.
Ефикасно скенирање и копирање Висококвалитетно и детално скенирање и копирање со скенерот од 1200dpi. Режимот на автоматско скенирање, автоматски препознава што се скенира – фотографија или документ – пред да изврши снимање во најсоодветниот тип на фајл. Подобрете ја читливоста на скенираните документи со користење на софтверот Auto Document Fix за добивање на почисти и поживописни слики.
Интелигентен софтвер Претворете ги моментите од видео записите во прекрасни фотографии со уникатната функција за печатење од Full HD видео записи на Canon. Во новите функции спаѓаат функциите за спојување на кадри и печатење на распоред со кои ќе направите повпечатливи слики. Направете ги вашите слики повозбудливи со применување на филтери со забавни ефекти со Easy-PhotoPrint EX. Користете го софтверот Easy-WebPrint EX за едноставно печатење од интернет и комбинирање на видео записи од повеќе веб-страници, за да го испечатите само тоа што ви е потребно од интернет. Станете креативни со CREATIVE PARK PREMIUM, интернет услуга која овозможува преземање на фотографии, илустрации, занаети со хартија и многу повеќе, од меѓународно признаени фотографи и уметници.
Долготрајни, прекрасни фотографии Системот ChromaLife100 овозможува долготрајни, прекрасни фотографии. Комбинацијата на PIXMA MG2150 печатач, оригинални Canon мастила и оригинални видови Canon хартија за фотографии ги зачувува спомените за цел живот.
|