Canon PIXMA MG5150 Инкџет мултифункционални уреди
|
|
|
|
PIXMA MG5150 е напреден, "сè-во-едно" уред кој располага со многу функции, 5 единечни мастила, автоматско двострано печатење и полнење на хартија од 2 страни. Дојдете побрзо до функциите кои ви се потребни со брзото користење и TFT екранот од 6,0cm.
|
|
Карактеристики |
- 5 единечни мастила и 9600dpi
- ISO ESAT 9,7/6,1 слики/мин еднобојни/во боја
- Печатење од Full HD видео записи
- Фотографии од 10x15cm за 39 сек.
- Автоматско двострано печатење и полнење на хартија од 2 страни
- Easy-WebPrint EX
- Интуитивен интерфејс со екран од 6,0cm
- CREATIVE PARK PREMIUM
- Auto Photo Fix II и Auto Document Fix
- ChromaLife100+
|
|
| Висококвалитетен "сè-во-едно" уред кој располага со многу функции за во домот. |
|
Врвен квалитет на печатење во вашиот дом PIXMA MG5150 нуди комбинација на брзина со извонреден фото-лабораториски квалитет за целото семејство. Уживајте во слики со порамномерни градации и без "зрнеста" текстура благодарение на капките мастило од 1pl и резолуцијата на печатење од 9600x2400 dpi. Брзините за печатење на документи изнесуваат импресивни 9,7 слики/мин. за еднобојни и 6,1 слики/мин. за документи во боја. Исклучителна фотографија од 10x15cm без рабови се печати за приближно 39 секунди*.
Печатење од Full HD видео записи Доловете ги спомените со претворање на специјалните моменти од видео записите направени со вашиот дигитален фото апарат од Canon во прекрасни фотографии со печатењето од Full HD видео записи на Canon. Едноставно репродуцирајте го вашиот видео запис преку софтверот за печатење од Full HD видео записи и паузирајте за да снимите една или повеќе слики за печатење. Напредните технологии од Canon го подобруваат фото квалитетот при создавање слики за кој никогаш не сте верувале дека може да го добиете од видео запис.
Брз и едноставен за употреба Технологијата за брзо вклучување овозможува уредот да биде подготвен за само неколку секунди по вклучувањето. Брзото користење на Canon го минимизира бројот на чекори кои се потребни за пристап до многу функции преку TFT екранот во боја од 6,0cm. Со стандардните отвори за мемориски картички и PictBridge, овој уред е идеален за директно печатење од фото апарати, мемориски картички и USB флеш меморија.
Максимизирајте ја ефикасноста на мастилото Со употребата на 5 одделни резервоари за мастило се заменува само мастилото кое се потрошило - така се намалува отпадот и се оптимизира употребата на мастило.
Флексибилно управување со медиуми PIXMA MG5150 нуди неверојатна разновидност со фах кој самостојно се отвора и полнење на хартија од 2 страни, овозможувајќи снабдување со различни типови на хартија истовремено. Автоматското двострано печатење го олеснува печатењето на документи на двете страни од хартијата.
Интелигентен софтвер Easy-WebPrint EX ви овозможува лесно сечење и комбинирање на информациите од повеќе веб-страници. Auto Photo Fix II овозможува зголемување на фотографиите со помош на корекции како што е отстранувањето на ефектот црвени очи. Easy-PhotoPrint EX нуди едноставни распореди за печатење фотографии, календари и се одликува со Flickr® функција за пребарување на соодветни слики кои се достапни за јавноста.
CREATIVE PARK PREMIUM е интернет услуга која овозможува преземање на фотографии и илустрации од меѓународно признаени фотографи и уметници, за создавање испечатен материјал со професионален изглед, честитки и многу повеќе. Пристапот е дозволен само ако се инсталирани оригинални мастила од Canon**.
Подолготрајни, прекрасни фотографии Системот ChromaLife100+ овозможува долготрајни, прекрасни фотографии. Комбинацијата на PIXMA MG5150 печатач, оригинални Canon мастила и оригинални видови Canon хартија за фотографии ги зачувува спомените за цел живот***.
* Погледнете ги спецификациите ** Потребна е интернет врска *** Погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100 за повеќе детали
|
|
 |
|