Canon PIXMA MG5250 Инкџет мултифункционални уреди
|
|
|
|
PIXMA MG5250 е напреден, "сè-во-едно" уред кој располага со многу функции, Wi-Fi, автоматско двострано печатење и директно печатење на диск. Дојдете до функциите побрзо со интуитивниот интерфејс и TFT екранот од 6,0cm.
|
|
Карактеристики |
- 5 единечни мастила и 9600dpi
- Wi-Fi
- ISO ESAT 11/9,3 слики/мин еднобојни/во боја
- Фотографии од 10x15cm за 20 сек.
- Печатење од Full HD видео записи
- Автоматско двострано печатење, полнење на хартија од 2 страни и директно печатење на диск
- Easy-WebPrint EX
- Интуитивен интерфејс со TFT екран од 6,0cm
- CREATIVE PARK PREMIUM
- Auto Photo Fix II
|
|
| Безжичен, висококвалитетен "сè-во-едно" уред кој располага со многу функции за во домот. |
|
Врвен фото-лабораториски квалитет во вашиот дом Продуктивниот PIXMA MG5250 обезбедува врвни фотографии во боја со фото-лабораториски квалитет, како и деловни документи со професионален изглед. Брзините за печатење на документи изнесуваат импресивни 11,0 слики/мин. за еднобојни документи и 9,3 слики/мин за документи во боја. Фотографиите од 10x15cm без рабови може да се испечатат со фото-лабораториски квалитет за само 20 секунди*.
Безжично поврзување Со вградените Wi-Fi можности, тој претставува идеален "сè-во-едно" уред за споделување во семејството. Безжично печатење, скенирање или користење на мемориска картичка.
Печатење од Full HD видео записи Доловете ги спомените со претворање на специјалните моменти од видео записите направени со вашиот дигитален фото апарат од Canon во прекрасни фотографии со печатењето од Full HD видео записи на Canon. Едноставно репродуцирајте го вашиот видео запис преку софтверот за печатење од Full HD видео записи и снимете една или повеќе слики за печатење. Напредните технологии од Canon го подобруваат фото квалитетот при создавање слики за кој никогаш не сте верувале дека може да го добиете од видео запис.
Максимизирајте ја ефикасноста на мастилото Со употребата на 5 одделни резервоари за мастило се заменува само мастилото кое се потрошило - така се намалува отпадот и се оптимизира употребата на мастило.
Напредно управување со медиуми PIXMA MG5250 нуди неверојатна разновидност со полнењето на хартија од 2 страни, овозможувајќи снабдување со различни типови на хартија истовремено, а можете и директно да печатите на компатибилни DVD, Blu-ray® и CD-ROM дискови. Функцијата за автоматско двострано печатење го олеснува печатењето на документи на двете страни од хартијата.
Интелигентен софтвер Easy-WebPrint EX ви овозможува лесно сечење и комбинирање на информациите од повеќе веб-страници. Auto Photo Fix II овозможува оптимизирање на фотографиите со помош на корекции како што е отстранувањето на ефектот црвени очи. Easy-PhotoPrint EX нуди едноставни распореди за печатење фотографии, календари и се одликува со Flickr® функција за пребарување на соодветни слики кои се достапни за јавноста.
CREATIVE PARK PREMIUM е интернет услуга која овозможува преземање на фотографии и илустрации од меѓународно признаени фотографи и уметници, за создавање испечатен материјал со професионален изглед, честитки и многу повеќе. Пристапот е дозволен само ако се инсталирани оригинални мастила од Canon**.
Брз и едноставен за употреба Технологијата за брзо вклучување овозможува уредот да биде подготвен за само неколку секунди по вклучувањето. Брзото користење на Canon го минимизира бројот на чекори кои се потребни за пристап до многу функции преку TFT екранот во боја од 6,0cm.
Долготрајни, прекрасни фотографии Системот ChromaLife100+ овозможува долготрајни, прекрасни фотографии. Комбинацијата на PIXMA MG5250 печатач, оригинални Canon мастила и оригинални видови Canon хартија за фотографии ги зачувува спомените за цел живот***.
* Погледнете ги спецификациите ** Потребна е интернет врска *** Погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100 за повеќе детали
|
|
 |
|