Напреден фото-лабораториски квалитет за во домот Идеален "сè-во-едно" уред со 5 мастила за оние кои сакаат моќни функции и висококвалитетно печатење. Водечката технологија на глава за печатење FINE од Canon, со минимални капки мастило од 1pl, обезбедува резолуција на печатење до 9600dpi за добивање на неверојатни фотографии со рамномерни градации и црно-бели слики без зрнеста текстура. Печатењето без рабови со фото-лабораториски квалитет и димензии од 10x15cm се врши за приближно 20 секунди и исклучителни ISO ESAT брзини од 12,5 слики/мин. за еднобојни документи и 9,3 слики/мин. за документи во боја*.
Едноставно користење Панелот за централизирано користење со TFT екранот во боја од 7,5cm обезбедува интуитивно доживување за корисниците, а благодарение на брзото користење, без напор ќе можете да пристапите до функциите.
Стилски дизајн Овој уред со компактна и елегантна завршница во црна боја одлично се вклопува во секој дом.
Подобрено поврзување Вградениот Wi-Fi го олеснува споделувањето во домот. Печатете од и скенирајте директно кон мобилни уреди користејќи ја апликацијата Easy-PhotoPrint. Поддршката за AirPrint од Apple* ви овозможува да печатите директно од iPad и iPhone.
Печатење од "облак" Пребарувајте и печатете ги омилените фотографии на печатачот директно од онлајн албумите на CANON iMAGE GATEWAY** и Picasa на Google. Пристап до календари по потреба, стационарни и други шаблони без потреба од компјутер***.
Разновидно управување со медиуми Уживајте во разновидноста со автоматското двострано печатење со кое може да ги користите двете страни од хартијата, а полнењето на хартија од 2 страни ви овозможува истовремено снабдување со фото и обична хартија. Печатете директно на компатибилни CD, DVD и Blu-ray® дискови со функцијата за директно печатење на диск.
Еко функции Дознајте информации за намалувањето на CO2 и заштеда на хартија кои ги правите со двостраното печатење преку функцијата за ЕКО информации и погледнете како ѝ помагате на животната средина. Заштедете енергија со помош на автоматското исклучување - подесете го печатачот да се исклучи, кога не се користи одреден временски период.
Напреден софтвер Претворете ги моментите од видео записите во прекрасни фотографии со уникатната функција за печатење од Full HD видео записи на Canon. Во новите функции спаѓаат функциите за спојување на кадри и печатење на распоред со кои ќе направите повпечатливи слики. Направете ги вашите слики повозбудливи со применување на филтери со забавни ефекти со Easy-PhotoPrint EX. Користете го софтверот Easy-WebPrint EX за комбинирање на видео записи од повеќе веб-страници, за да го испечатите само тоа што ви е потребно од интернет. Станете креативни со CREATIVE PARK PREMIUM, интернет услуга која овозможува преземање на фотографии, илустрации, занаети со хартија и многу повеќе, од меѓународно признаени фотографи и уметници***.
* Погледнете ги спецификациите ** Онаму каде што е достапно *** Потребна е интернет врска
|