Исклучителен квалитет на печатење со голема брзина FINE технологијата на Canon со капки мастило од 1pl овозможува резолуција од 9600x2400dpi – за неверојатно детални фотографии во боја и црно-бели слики без "зрнеста" текстура. Исклучителна фотографија од 10x15cm се печати за приближно 20 секунди*. PIXMA MG8150 нуди ISO ESAT брзини од 12,5 слики/мин за еднобојни документи и 9,3 слики/мин за документи во боја.
Брза и лесна навигација За врвно доживување на корисниците, новиот интелигентен систем на допир од Canon нуди интуитивно и лесно разбирливо ракување преку панел на допир со светлосно наведување кој е вграден во PIXMA куќиште со стилска површина и 8,8cm TFT екран.
Печатење од Full HD видео записи Доловете ги спомените со претворање на специјалните моменти од видео записите направени со вашиот дигитален фото апарат од Canon во прекрасни фотографии со печатењето од Full HD видео записи на Canon. Едноставно репродуцирајте го вашиот видео запис преку софтверот за печатење од Full HD видео записи од Canon и паузирајте за да снимите една или повеќе слики за печатење.
6 единечни мастила Со 6-те одделни мастила, само заменете го картриџот за мастило кој се потрошил. Достапно е посебно сиво мастило за професионално, неутрално црно-бело печатење, како и за подобрена градација на тоновите при печатењето во боја.
Скенирајте филмови од 35mm Скенирајте филмови со резолуција до 4800 x 9600 dpi со употреба на висококвалитетниот CCD скенер. Скенерот со бела LED рефлексивна светлина придонесува времето на загревање да падне на нула и нуди висококвалитетно скенирање на фотографии, документи и 3D предмети.
Споделете ја вашата PIXMA PIXMA MG8150 е одлична за споделување. Едноставно поврзување на жична или безжична мрежа.
Напредно управување со медиуми Со полнењето на хартија од 2 страни можно е снабдување со различни типови на хартија истовремено, а можете и директно да печатите на компатибилни DVD, Blu-ray® и CD-ROM дискови. Функцијата за автоматско двострано печатење го олеснува печатењето на документи на двете страни од хартијата.
Интелигентен софтвер Easy-WebPrint EX ви овозможува лесно сечење и комбинирање на информациите од повеќе веб-страници. Easy-PhotoPrint EX нуди едноставни распореди за печатење фотографии, календари и се одликува со Flickr® функција за пребарување на соодветни слики кои се достапни за јавноста.
CREATIVE PARK PREMIUM е интернет услуга која овозможува преземање на фотографии и илустрации од меѓународно признаени фотографи и уметници, за создавање испечатен материјал со професионален изглед, честитки и многу повеќе. Пристапот е дозволен само ако се инсталирани оригинални мастила од Canon**.
Долготрајни, прекрасни фотографии Системот ChromaLife100+ овозможува долготрајни, прекрасни фотографии. Комбинацијата на PIXMA MG8150 печатач, оригинални Canon мастила и оригинални видови Canon хартија за фотографии ги зачувува спомените за цел живот***.
* Погледнете ги спецификациите ** Потребна е интернет врска *** Погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100 за повеќе детали
|