Супериорен квалитет Неопходен за сериозните фотографи, овој врвен "сè-во-едно" уред со 6 мастила обезбедува резолуција на печатење до 9600dpi за добивање на исклучителни фотографии и слики без зрнести текстури. Водечката технологија на глава за печатење FINE од Canon, со минимални капки мастило од 1pl обезбедува печатење без рабови со неверојатен фото-лабораториски квалитет и димензии од 10x15cm за приближно 20 секунди, како и големи ISO ESAT брзини од 12,5 слики/мин. за црно-бели и 9,3 слики/мин. за слики во боја*.
Едноставна навигација Пристапете до функциите без напор со помош на интелигентниот систем на допир, кој нуди интуитивно и лесно разбирливо ракување преку панел на допир со светлосно наведување кој е поставен на површината на PIXMA куќиштето со вграден TFT екран во боја од 8,8 cm.
Уникатен дизајн Користејќи ја инспирацијата од иконските EOS фотоапарати од Canon, PIXMA MG8250 има стилска завршница која изгледа прекрасно во секој дом или студио.
Подобрено поврзување Вградениот Wi-Fi го олеснува споделувањето во домот. Печатете од и скенирајте директно кон мобилни уреди користејќи ја апликацијата Easy-PhotoPrint. Поддршката за AirPrint од Apple* ви овозможува да печатите директно од iPad и iPhone.
Печатење од "облак" Пребарувајте и печатете ги омилените фотографии на печатачот директно од онлајн албумите на CANON iMAGE GATEWAY** и Picasa на Google. Пристап до календари по потреба, стационарни и други шаблони без потреба од компјутер***. Печатете од кој било уред со користење на апликацијата Cloud Print од Google****.
Скенирајте филмови од 35mm Претворете ги негативите од вашите филмови од 35mm во дигитален формат и слајдови со помош на висококвалитетниот CCD скенер со резолуција до 4800dpi.
Разновидно управување со медиуми Уживајте во разновидноста со автоматското двострано печатење со кое може да ги користите двете страни од хартијата, а полнењето на хартија од 2 страни ви овозможува истовремено снабдување со фото и обична хартија. Печатете директно на компатибилни CD, DVD и Blu-ray® дискови со функцијата за директно печатење на диск.
Напреден софтвер Претворете ги моментите од видео записите во прекрасни фотографии со уникатната функција за печатење од Full HD видео записи на Canon. Во новите функции спаѓаат функциите за спојување на кадри и печатење на распоред со кои ќе направите повпечатливи слики. Направете ги вашите слики повозбудливи со применување на филтери со забавни ефекти со Easy-PhotoPrint EX. Користете го софтверот Easy-WebPrint EX за комбинирање на видео записи од повеќе веб-страници, за да го испечатите само тоа што ви е потребно од интернет. Станете креативни со CREATIVE PARK PREMIUM, интернет услуга која овозможува преземање на фотографии, илустрации, занаети со хартија и многу повеќе, од меѓународно признаени фотографи и уметници***.
* Погледнете ги спецификациите ** Онаму каде што е достапно *** Потребна е интернет врска **** Услугата ќе биде достапна од крајот на ноември 2011 година или подоцна
|