Печатење, копирање, скенирање Разноврсен и со прифатлива цена, PIXMA MP250 ќе ви овозможи висококвалитетно печатење, скенирање и копирање во вашиот дом. Тој е идеален за печатење на документи, интернет содржини и фотографии со лабораториски квалитет, и е погоден за неискусните корисници, студенти и семејства.
Реални брзини за печатење документи Canon го поддржува индустриски прифатениот ISO стандард за мерење на брзината на печатење и копирање. Ова го олеснува одбирањето на вистинскиот PIXMA печатач за вас врз основа на реални брзини на печатење. PIXMA MP250 нуди ISO ESAT брзини од 7,0слики/мин за еднобојни документи и 4,8слики/мин за документи во боја.
Фото-лабораториски квалитет Патентираната FINE технологија на Canon со капки мастило од 2pl нуди одличен квалитет на печатење со резолуција од 4800x1200dpi. Фотографиите се неверојатно детални и без "зрнеста" текстура. Додека FINE картриџите од Canon кои користат мастила базирани на боја се идеални за печатење на фотографии, дополнителното мастило со црн пигмент обезбедува јасен и остар текст. PIXMA MP250 нуди комбинација на квалитет и брзина. 10x15cm фотографиии без рабови можат да се отпечатат за приближно 56 секунди со користење на зададените подесувања.*
Интелигентни функции и софтвер Easy-WebPrint EX е интуитивен софтвер кој го олеснува сечењето, уредувањето и печатењето информации од мрежа: организирајте повеќе исечени делови на една страница и заштедете хартија. Auto Photo Fix II е напреден софтвер кој врши исправање на широк опсег чести грешки во сликите, вклучувајќи и недоволна експозиција. Користејќи ги софистицираните технологии за анализа на сцената и откривање на лице, проблемите како ефектот на црвени очи брзо се елиминираат. Нивоата на експозиција на различни делови од сликата се оптимизираат за добивање на најдобри резултати.
Ефикасно скенирање Скенирајте со извонредни детали и голема верност со оригиналот, со помош на CIS скенерот со резолуција од 600dpi. Режимот на автоматско скенирање, автоматски препознава што се скенира – фотографија или документ – по што скенирањето и снимањето се врши со користење на најсоодветните параметри.
Голема брзина и едноставна употреба Со режимот за брзо вклучување, MP250 е подготвен за употреба за само неколку секунди – печатете, копирајте и скенирајте кога ќе посакате, речиси моментално. Излезниот фах за хартија се отвора автоматски за полесно земање на отпечатените материјали и копии.
Подолготрајни, прекрасни фотографии ChromaLife100+ системот** овозможува подолготрајни, прекрасни фотографии. Комбинацијата на PIXMA MP250 печатач, оригинални Canon мастила и одредени оригинални видови Canon хартија за фотографии ги зачувува спомените за цел живот.
* Погледнете ги спецификациите ** Погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100
|