Печатење на фотографии и документи Резолуција до 4800x1200dpi со мали капки на мастило од 2pl* дава слики со одличен квалитет со точна репродукција на боја. Можно е креирање на 10x15cm фотографии без граници за приближно 45 секунди* со FINE касети.
Системот ChromaLife100+** ги комбинира PIXMA MP260, FINE касетите на Canon и одредени оригинални Canon фотохартии за креирање на убави, долготрајни печатени материјали.
Се користат две FINE касети, црна и во боја. Црната е пигментирано мастило за печатење на чисти и јасни текстови, додека пак мастилото засновано врз боја се користи за графки и слики и овозможува печатење на посјајни фотографии.
Печатени фотографии без компјутер Вие можете директно да печатите фотографии - без потреба од компјутер - само со користење на влезовите за мемориски картички на овој Се-Во-Едно. Едноставно внесете ја мемориската картичка во вградените влезови за картички и изберете ги сликите што сакате да ги печатите користејќи Photo Index Sheet.
Копирање Комбинацијата на скенер и печатар ви овозможува да креирате високо квалитетни, живописни фотокопии без потреба од компјутер.
Софтвер за уредување Со овој PIXMA производ е вклучен и обемен и интуитивен софтвер. Easy-PhotoPrint EX на Canon го прави едноставно печатењето на календари, албуми и фотографии, и содржи усовршен Auto Photo Fix, кој автоматски ги коригира фотографиите - вклучително и корекција на црвени очи. Софтверот MP Navigator EX на Canon помага да се управуваат и уредуваат скенираните слики и документи и содржи OCR функција за конвертирање на печатен текст во електронски документи и едноставно скенирање во PDF.
Опрема лесна за користење Вградени се низа интуитивни функции со цел уште повеќе да ја олеснат употребата. Брзо стартување (Quick Start) го става во функција Се-Во-Едно за неколку секунди, додека пак за лесно печатење тука е магацинот за хартија кој се отвора сам.
Касетите FINE обезбедуваат печатење на фотографии и документи со висок квалитет и тие исто така го прават полесно заменувањето на касетата преку инсталација на едно притискање.
Скенирање Одличниот квалитет е обезбеден со скенерот 1200dpi. Режимот на автоматско скенирање (Auto Scan Mode) автоматски го детектира видот на оригиналот што треба да се скенира - дали е тоа документ или фотографија - и ги избира оптималните нагодувања. PIXMA MP260 исто така може да скенира на мемориска картичка.
Оперативни системи Компатибилен со Windows и Mac OS X**.
* Погледнете ги спецификациите ** Погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100
Достапен во ограничен број региони
|