Компактен и практичен Уживајте во печатење со фото-лабораториски квалитет, како и висококвалитетно скенирање и копирање со PIXMA MP280. Овој компактен и стилски уред е одличен за во домот и совршен за студенти на кои им треба достапен и едноставен за користење "сè-во-едно" уред.
Одличен квалитет на печатење Благодарение на капките мастило од 2pl и максималната резолуција на печатење од 4800x1200 dpi, PIXMA MP280 обезбедува живописни и детални фотографии и најостар текст за многу кратко време. Брзините за печатење на документи се поволни и изнесуваат 8,4 слики/мин. за еднобојни или 4,8 слики/мин. за документи во боја. Фотографиите без рабови од 10x15cm може да се испечатат со фото-лабораториски квалитет за само 43 секунди*.
Печатење од Full HD видео записи Доловете ги спомените со претворање на специјалните моменти од видео записите направени со вашиот дигитален фото апарат од Canon во прекрасни фотографии со печатењето од Full HD видео записи на Canon. Едноставно репродуцирајте го вашиот видео запис преку софтверот за печатење од Full HD видео записи и паузирајте за да снимите една или повеќе слики за печатење. Напредните технологии од Canon го подобруваат фото квалитетот при создавање слики за кој никогаш не сте верувале дека може да го добиете од видео запис.
Едноставно користење Нема долго да чекате за да го користите овој уред – технологијата за брзо вклучување овозможува да биде подготвен за само неколку секунди по вклучувањето. Ракувањето е едноставно благодарение на прилагодливиот Canon Solution Menu EX. Дури и ако заборавите да го отворите фахот за хартија, печатачот автоматски ќе го направи тоа за да можете лесно да ги преземете вашите отпечатени материјали и копии.
Ефикасно скенирање Скенирајте со врвни детали со резолуција од 1200dpi. Режимот на автоматско скенирање, автоматски препознава што се скенира – фотографија или документ – пред да изврши снимање со користење на најпогодните параметри. Auto Document Fix е технологија која одделно го подобрува текстот, графиката и сликите кај скенираните документи, правејќи ги скенираните документи појасни, поживописни и повпечатливи.
Интелигентен софтвер Софтверскиот пакет нуди уште поголема функционалност. Easy-WebPrint EX ви овозможува сечење и комбинирање на информациите од повеќе веб-страници, за да го испечатите само тоа што ви е потребно. Auto Photo Fix II претставува интуитивна функција која овозможува оптимизирање на фотографии и вршење корекции, како што е отстранувањето на ефектот црвени очи, за да добиете совршено испечатена фотографија. Easy-PhotoPrint EX нуди едноставни распореди за печатење фотографии, календари, а сега содржи и вградена Flickr® функција за пребарување на соодветни слики кои се достапни за јавноста.
Долготрајни, прекрасни фотографии Системот ChromaLife100+ овозможува долготрајни, прекрасни фотографии. Комбинацијата на PIXMA MP280 печатач, оригинални Canon мастила и оригинални видови Canon хартија за фотографии ги зачувува спомените за цел живот**.
* Погледнете ги спецификациите ** Погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100 за повеќе детали
|