Идеален за корисници на дигитални фотоапарати, овој ефтин Се-Во-Едно доаѓа заедно со PictBridge, влезови за мемориски картички и 4,5cm TFT дисплеј кои го прават лесно печатењето на фотографии без компјутер.
|
Печатење на фотографии и документи Уживајте во јасните и живи фотографии, со максимална резолуција од 4800x1200dpi* и капки на мастило големи колку 2pl кои даваат благи премини на нијансите и фини детаљи. Системот ChromaLife100+** ги комбинира PIXMA MP480, оригиналните Canon FINE касети и изборот на Canon фотохартија за да обезбеди долготрајни, убави фотографии. Фотографии без граници 10x15cm со квалитет како од фотолабораторија можат да се произведат за приближно 45 секунди*.
Двете FINE касети обезбедуваат високо квалитетни печатени материјали, без разлика дали се тоа документи со текст, материјали печатени од Интернет или фотографии. Црната касета содржи пигментирано мастило заради печатење на јасни текстови, додека пак втората касета во боја за мастило засновано врз боја е идеална за графики и слики, обезбедувајќи сјајни печатени фотографии.
Копирање Комбинацијата на скенер и печатар ви овозможува да креирате високо квалитетни, живописни фотокопии без потреба од компјутер. Направете втора фотокопија од стара и драга фотографија или направете фотокопија од важен документ за да го имате во своето досие.
Скенирање Хоризонталниот скенер со резолуција од 2400dpi обезбедува врвни скенирања во боја и лесно скенирање во PDF и OCR функција за креирање на електронски верзии на документи во форма на хартија. Со едно притискање на тастерот за скенирање, Режимот за автоматско скенирање (Auto Scan Mode) автоматски го препознава видот на фотографија или документ, потоа го скенира и го снима со соодветните нагодувања. Дополнителната флексибилност се обезбедува преку опцијата за снимање на скенираниот материјал директно на мемориска картичка или на USB пенкало без при тоа да се употреби компјутер.
Уредување на фотографија Софтверот на Canon, Easy-PhotoPrint EX е вклучен во производот со цел да врши корекции и подобрувања на вашите фотографии директно и интуитивно. Унапредениот Auto Photo Fix ви овозможува секогаш да добивате одлични резултати и вклучува опрема за автоматско намалување на црвените очи.
Лесен за употреба Потенцијалот на Се-Во-Едно е доведен до максимум со вклучувањето на функцијата Брз старт (Quick Start). Корисниците имаат пристап до сите главни опции за само неколку секунди од вклучувањето на PIXMA MP480, целосно користејќи ја предноста на 4,5cm TFT дисплејот во боја за управување со опциите. PictBridge компатибилноста и влезовите за мемориски картички исто така се корисни за корисниците на дигитални фотоапарати, овозможувајќи им да печатат директно од нивниот фотоапарат без потреба од компјутер.
Оперативен систем Компатибилен со Windows и Mac OS X*
* Погледнете ги спецификациите ** Погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100
Достапен во ограничен број региони
|