Испраќање факсови Модемот за факс Super G3 fax брзо ги испраќа вашите црно-бели факсови или во боја, за ништо повеќе отколку за 3 секунди по страница*. Бирањето се брзо и едноставно, со 20 шифри за брзо бирање, за меморирање на редовните броеви. Меморијата за факс, од 50-страници*, безбедно ги чува сите дојдовни факсови доколку ви снема хартија, за да ги отпечатите подоцна.
Благодарение на ултра-високиот квалитет на технологијата на испраќање факсови со 256 сиви скали и 24bit-на боја, нема веќе нечитлив текст или изобличени слики во испратените факсови.
Канцелариска ефикасност Quick-Start прави вашиот PIXMA да работи брзо, со моментално користење на функциите.
Печатење документи Печатете документи со до 22ppm во црно-бело или 17ppm во боја.
Копирање Копирајте со до 22сpm во црно-бело или 17сpm во боја. Напредната технологија на копирање обезбедува извонредни перформанси на бојата.
Технологијата на раздвојување текст и слика дава оптимални резултати кога имате комбинација од текст, графика и фотографии. Копирајте го точното место, што ви треба, со функцијата за копирање.
Скенирање Резолуцијата од 600dpi ги скенира документите и написите со леснотија. Скенирајте директно во компјутер, е-пошта или PDF. Софтверот MP Navigator EX ја олеснува секоја фаза од постапката, од барање слика, до уредување документи во PDF.
Софтверот за оптичко препознавање знаци совршено го претвора печатениот текст, обезбедувајќи електронски документи со можност за уредување, без комплицирано пречукување.
Печатење фотографии Уживајте во фотографии со квалитет на фотолабораторија, со фини детали и мека градација на бојата, благодарение на капките мастило од 2pl и голема резолуција на печатење од 4800x1200dpi*.
Печатете фотографии 10x15cm без рамка, за приближно 46 секунди во стандарден режим*. Печатете Фотографии директно од вашиот дигитален фотоапарат или дигиталната камера, со подготовка за PictBridge.
Автоматското поправање на слики ги подобрува вашите фотографии. Со софтверот за уредување слики можете да отстранувате црвени очи, осветлувате лице и уште многу нешта.
ChromaLife100** испорачува убави, трајни отпечатоци, со век до 100 години.
Интерфејс Дворедниот ЛЦД екран го прави самостојното работење лесно, дури и без компјутер.
Патрони FINE Напредните патрони FINE обезбедуваат прецизно печатење и лесно се заменуваат со инсталација со само едно кликање. Црниот патрон обезбедува остар, свеж текст за печатење документи, додека патронот во боја ја прави графиката истакната и јасна.
Оперативни системи Компатибилен со Windows и Mac OS X.
* Погледнете ги спецификациите ** Погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100
|