За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Инкџет мултифункционални уреди > PIXMA MX330

Canon PIXMA MX330
Инкџет мултифункционални уреди

PIXMA MX330

Повеќе можности за вашето деловно работење со овој "сè-во-едно" инк-џет уред за печатење, скенирање, копирање и испраќање факсови. ADF механизмот за 30 листови нуди зголемување на продуктивноста, додека 4,5cm TFT екранот во боја овозможува самостојно користење.

Карактеристики

  • Инк-џет 4-во-1: печатење, скенирање, копирање, испраќање на факсови
  • Брзина на ласерско печатење 7,5/4,5 ipm (црно-бело/во боја)*
  • 4,5cm (1,8”) TFT екран
  • ADF за 30 листови
  • FINE патрон со капки на мастило од 2pl
  • ChromaLife100+ **
  • Скенирање на USB уред
  • PictBridge
  • Опционален Bluetooth
"Сè-во-едно" уред за побрзо извршување на деловните задачи.



Извонредно печатење на фотографии и документи за само неколку секунди
Печатете врвни документи и фотографии со помош на FINE технологијата на патрони од Canon, која користи еден патрон со мастило со црн пигмент за врвно печатење на текст и втор патрон со мастило во боја за сјајно печатење со фото-лабораториски квалитет и исклучителна графика во боја.

Брзо и квалитетно ласерско печатење
Брзото и истовремено квалитетно печатење е заштитен знак на FINE системот. Однапред поставената брзина на печатење од 7,5 слики во минута (црно-бело) и 4,5 слики во минута (во боја), ќе ви помогне да ја зголемите вашата продуктивност.*

Лесно скенирање и копирање со ADF за 30 листови
Скенирајте со висококвалитетна оптичка резолуција од 1200x2400dpi. Автоматскиот механизам за снабдување со документи (ADF) за 30 листови го олеснува сериското скенирање и копирање. Копирањето со впарување и копирањето 2-на-1 и 4-на-1 за документи со повеќе страници ќе ви заштеди хартија и време.

При режимот на автоматско скенирање се врши анализа на документите, нивно скенирање и зачувување со најдобрите параметри, со што се избегнува долготрајниот процес на рачно избирање.

Брзо испраќање на факс
33,6kbps Super G3 испраќањето факсови е брзо и сигурно. Користете го уредот како самостоен факс или пак испраќајте факсови директно од PC. ADF механизмот за 30 листови овозможува едноставно испраќање на повеќе страници по факс.

4,5cm (1,8”) TFT екран
Големиот 4,5cm (1,8”) TFT екран ќе ви овозможи едноставно користење на сите функции без потреба од компјутер.

Скенирање на USB
USB приклучокот на предната страна ви нуди директно скенирање на USB уред за брзо споделување на скенираните фајлови.

Печатење фотографии со FINE
10x15cm фотографиии со лабораториски квалитет без рабови можат да се отпечатат за само 45 секунди. Благодарение на ситните капки мастило од 2pl и резолуцијата на печатење до 4800x1200dpi, вашите фотографии ќе бидат живописни и без видлива "зрнеста" текстура.

ChromaLife100+
ChromaLife100+ системот** обезбедува трајност на фотографиите од преку 300 години благодарение на комбинацијата на FINE технологијата на глави за печатење од Canon, одредени типови оригинална хартија од Canon и новите мастила базирани на боја.

PictBridge и опционален Bluetooth
PictBridge приклучокот овозможува печатење на фотографии директно од кој било компатибилен дигитален фотоапарат. Со опционалниот BU-30 Bluetooth адаптер вие ќе можете безжично да печатите слики од кој било Bluetooth уред.

Вклучен софтвер
MP Navigator EX софтверот од Canon ви нуди управување со скенираните фајлови: конвертирајте ги скенираните документи во PDF со можност за пребарување, заштитете ги со лозинка и користете OCR за преку 15 јазици. Печатете врвни фотографии со помош на Easy-PhotoPrint EX софтверот на Canon, со функциите како корекција на црвените очи и автоматско подобрување на фотографии.

Оперативни системи
Windows и Mac OS X.

*Брзините на печатење се базираат на ISO/IEC FCD 24734 ESAT
**За повеќе информации за ChromaLife100 погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100

 Испечати ја оваа страница 

Мастила, хартии и додатоци
Мастила и хартија на Канон
Количина на отпечатени страници
Мрежни уреди
Поддршка
Техничка поддршка
Преземање брошури
Преземање драјвер
ISO Print & Copy Speeds
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба