Квалитетни резултати Овој достапен "сè-во-едно" уред ви овозможува едноставно копирање, печатење, скенирање и испраќање факс. Технологијата FINE за мастило од Canon и резолуцијата од 4800 x 1200 dpi обезбедуваат живописни и сјајни фотографии, како и деловни документи со исклучителна јасност - правејќи го овој уред идеален за користење во домовите или малите канцеларии. Технологијата за двојна обработка на гамата на боите од Canon обезбедува репродукција на бои со висока прецизност кај фотокопираните документи, а тоа значи дека текстот е јасен и читлив, дури и во втората и третата серија на копии.
ADF за 30 листови Вградениот автоматски механизам за снабдување со документи со 30 листа овозможува брзо скенирање, копирање или испраќање на големи документи преку факс со минимален напор.
Импресивни брзини Уживајте во брзини за печатење од 8,4 слики/мин. за еднобојни или 4,8 слики/мин. за документи во боја. Брзото вклучување му овозможува на овој "сè-во-едно" уред да биде подготвен за неколку секунди по вклучувањето. Исто така, можете да печатите фотографии од 10x15 cm без рабови за приближно 43 секунди.
Брзо испраќање на факс 33,6kbps Super G3 испраќањето факсови е брзо и сигурно. Користете го уредот како самостоен факс или пак испраќајте факсови директно од PC без да ги печатите документите.
Скенирање на USB USB приклучокот на предната страна овозможува директно скенирање на PDF и JPEG фајлови од USB уред – без да го поврзувате на компјутер. Поврзувањето преку Bluetooth може да се купи како опција за печатење од уреди компатибилни со Bluetooth.
PictBridge Дигиталните фото апарати и мобилните телефони можат директно да се прикачат благодарение на приклучокот PictBridge на PIXMA MX360. Овозможува моментално печатење на незаборавните спомени – без приклучување на компјутер.
Печатете фотографии од филмови Претворете ги специјалните моменти од видео записите направени со вашиот дигитален фото апарат од Canon во прекрасни фотографии со функцијата за печатење од Full HD видео записи на Canon. Едноставно репродуцирајте го вашиот видео запис на компјутер и снимете една или повеќе слики за печатење.
Интелигентен софтвер Печатењето фотографии никогаш не било полесно, благодарение на софтверот Easy-PhotoPrint EX, кој нуди функции како корекција на црвени очи и измазнување на лице, која го намалува појавувањето на набори. Auto Document Fix го подобрува квалитетот и читливоста на скенираните документи, вршејќи интелигентно автоматско прилагодување на секоја страница. Со Easy-WebPrint EX можете да комбинирате и печатите содржини од повеќе веб-страници без напор.
Долготрајни испечатени фотографии Системот ChromaLife100+ обезбедува прекрасни фотографии кои ќе траат доживотно. Главата за печатење FINE, мастилата и оригиналната хартија за фотографии од Canon нудат комбинација која ќе ги зачува вашите скапоцени спомени за идните генерации.
|