Совршен за во домот или во канцеларијата Одликувајќи се со стилски дизајн во црна боја, овој продуктивен "сè-во-едно" уред ви нуди сè што ви е потребно за домашната канцеларија. Можностите за печатење, копирање, скенирање и испраќање факс, како и поврзувањето преку Wi-Fi и мрежа ви овозможуваат да го поставите овој повеќефункционален уред таму каде што најмногу ви одговара.
Висок квалитет Технологијата FINE од Canon со минимални капки мастило од 2pl и резолуцијата на печатење до 4800x1200dpi обезбедуваат извонредни бои и остар текст – одлично за деловни документи и фотографии.
Брзо и лесно ракување Интуитивниот TFT екран од 6,2cm на уредот го олеснува прегледувањето на избраните функции и сликите пред печатењето. Кога копирате, функцијата за резервна копија ви овозможува да го скенирате следниот документ додека претходниот се обработува, со цел да заштедите време.
ADF за 30 листови Вградениот автоматски механизам за снабдување со документи со 30 листа овозможува брзо скенирање, копирање или испраќање на големи документи преку факс со минимален напор. Скенирањето и зачувувањето во "компактен pdf" обезбедува мали фајлови, кои се идеални за зачувување и испраќање по e-mail.
Продуктивни перформанси Уживајте во брзини за печатење од 8,7 слики/мин. за еднобојни или 5,0 слики/мин. за документи во боја. Брзото вклучување му овозможува на овој "сè-во-едно" уред да биде подготвен за неколку секунди по вклучувањето. Исто така, можете да печатите фотографии од 10x15 cm без рабови за приближно 42 секунди.
Скенирање на USB уред или мемориска картичка Приклучокот за USB уред и мемориска картичка на предната страна овозможува скенирање на PDF и JPEG фајлови и од двата уреди – без компјутер. Поврзувањето преку Bluetooth може да се купи како опција за печатење од уреди компатибилни со Bluetooth.
Брзо испраќање на факс 33,6kbps Super G3 испраќањето факсови е брзо и сигурно. Пристигнатите материјали испратени по факс можат да се зачуваат на мемориска картичка или USB уред – за да можете да ги прегледувате без да ги печатите – со што се намалуваат трошоците за печатење.
Печатете фотографии од филмови Претворете ги специјалните моменти од видео записите направени со вашиот дигитален фото апарат од Canon во прекрасни фотографии со функцијата за печатење од Full HD видео записи на Canon. Едноставно репродуцирајте го вашиот видео запис компјутер и снимете една или повеќе слики за печатење.
Интелигентен софтвер Печатењето фотографии никогаш не било полесно, благодарение на софтверот Easy-PhotoPrint EX, кој нуди функции како корекција на црвени очи и измазнување на лице, која го намалува појавувањето на набори. Auto Document Fix го подобрува квалитетот и читливоста на скенираните документи, вршејќи интелигентно автоматско прилагодување на секоја страница. Со Easy-WebPrint EX можете да комбинирате и печатите содржини од повеќе веб-страници без напор.
|