Револуционерна технологија ‘чисто мастило’ Дајте му на вашиот бизнис конкурентна предност. Печатете фотографии, презентации и промотивен материјал на обична хартија и со професионален квалитет, благодарение на револуционерната технологија на Canon ‘чисто мастило’.
Испраќање факсови Модемот за факс Super G3 брзо ги испраќа вашите факсови, за ништо повеќе отколку за 3 секунди по страница*. Бирањето е брзо и едноставно, со 8 копчиња за бирање со еден допир и 100 шифрирани броеви за брзо бирање за чување на редовните броеви. Меморијата за факс, од 250-страници*, безбедно ги чува сите дојдовни факсови доколку ви снема хартија, за да ги отпечатите подоцна.
Канцелариска ефикасност Автоматскиот двонасочен механизам за вовлекување документи, за 35 страници, ја зголемува продуктивноста со тоа што овозможува скенирање и копирање на група документи. Автоматското двострано печатење и копирање ги крати трошоците за хартија.
Има два фаха за хартија - еден за обична, а другиот за алтернативни медиуми, како коверти или фотохартија. Quick-Start овозможува моментално користење на функциите.
Печатење и копирање документи Печатете или копирајте документи со до 28ppm во црно-бело или 23ppm во боја. Напредната технологија на копирање обезбедува извонредни перформанси на бојата.
Скенирање Резолуцијата од 4800dpi испорачува величествени скенови во боја. Скенирајте право до компјутер, е-пошта или PDF. Софтверот MP Navigator EX овозможува лесно ракување.
Софтверот за точно оптичко препознавање текст го претвора печатениот текст во електронски документи, кои може да се уредуваат.
Интерфејс Со ЛЦД од 4,5cm се овозможува некомплицирано ракување без употреба на компјутер.
Посебни мастила Сите посебни резервоари за мастило може одделно да се заменуваат, за минимално фрлање мастило и максимална заштеда. Интелигентното ЛЕД светло трепка за да ве предупреди дека некоја од боите е при крај или дека треба да се замени.
Поврзување Вклучете го овој PIXMA во вашата Ethernet мрежа и сите поврзани корисници ќе можат да ги споделат продуктивните функционалности на испраќање факс, печатење, копирање и скенирање, со што ќе заштедите време и пари.
Печатење фотографии Уживајте во фотографии со квалитет на фотолабораторија, со фини детали и мека градација на бојата, благодарение на капките мастило од 2pl и голема резолуција на печатење од 4800x1200dpi*.
Печатете фотографии 10x15cm без рамка, за приближно 43 секунди во стандарден режим*. Печатете Фотографии директно од мемориската картичка и вашиот дигитален фотоапарат или дигиталната камера, со подготовка за PictBridge.
Автоматското поправање на слика ги подобрува вашите фотографии. Применувајте ги отстранувањето црвени очи, осветлувањето лице и многу други опции, без оглед дали печатите со софтверот за уредување слики или директно од мемориска картичка.
Оперативни системи Компатибилен со Windows и Mac OS X.
* Погледнете ги спецификациите
|