За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Инкџет мултифункционални уреди > PIXMA MX860

Canon PIXMA MX860
Инкџет мултифункционални уреди

PIXMA MX860

MX860 е извонреден "сè-во-едно" уред за канцелариско или домашно користење со факс, двостран ADF механизам за 35 листови за сериска обработка, Wi-Fi и етернет поврзување. Деловни функции во комбинација со печатење со фото-лабораториски квалитет.

Карактеристики

  • "Сè-во-едно" инк-џет уред за домашни канцеларии: печатење, скенирање, копирање и испраќање на факсови
  • Wi-Fi и етернет
  • Брзина на ласерско печатење – 8,4/5,6 ipm (црно-бело/во боја)*
  • Двостран ADF механизам за 35 листови
  • 5 единечни патрони
  • 9600dpi и капки на мастило од 1pl
  • ChromaLife100+ **
  • 6,2cm (2,5”) TFT екран во боја
Извонреден "сè-во-едно" уред за канцелариско или домашно деловно користење и печатење со фото-лабораториски квалитет.



Скенирајте, копирајте и печатете
Скенирајте ги сликите со оптичка резолуција до 2400x4800dpi, при што се добива прецизна копија на текстот, графиката и фотографиите. Со помош на испорачаниот софтвер од скенираните документи вие ќе можете да креирате PDF фајлови со можност за пребарување. Сите ваши важни документи, па дури и старите фотографии ќе можат да се зачуваат во дигитален облик. Комбинацијата на одлични функции за скенирање и печатење ви овозможува брзо и едноставно користење.

Брзо испраќање на факс
33,6kbps Super G3 испраќањето факсови е брзо и сигурно. Користете го уредот како самостоен факс или пак испраќајте факсови директно од PC. Меморијата за 250 страници нуди складирање на дојдовните факсови, така што комуникацијата нема да биде прекината дури и доколку ви снема хартија.

Wi-Fi и етернет
Wi-Fi поврзувањето ви нуди безжичен пристап за печатење од вашиот компјутер без потреба од поврзување со кабел. Овој "сè-во-едно" уред исто така е подготвен за поврзување на мрежа преку етернет приклучокот, така што вие ќе можете да ги споделувате содржините преку локалната мрежа.

Брзина на ласерско печатење – 8,4/5,6 ipm (црно-бело/во боја)
Зголемете ја продуктивноста преку брзото ласерско печатење од 8,4 страници во минута (црно-бело) и 5,6 страници во минута (во боја).*

Двостран ADF механизам за 35 листови
Вршете автоматско скенирање, копирање и испраќање по факс на двострани документи со помош на вградениот автоматски механизам за снабдување со документи (ADF) за 35 листови - без потреба од рачно завртување на страниците.

Вклучен софтвер
MP Navigator EX софтверот од Canon ви нуди управување со скенираните слики и документи. Easy-PhotoPrint EX софтверот од Canon на корисниците им овозможува печатење на врвни фотографии со помош на функциите како корекција на црвените очи и автоматско подобрување на фотографии.

5 единечни патрони
5-те единечни патрони за мастило (PGI-520BK, CLI-521BK/C/M/Y) ќе ви овозможат намалување на трошоците бидејќи секој патрон може одделно да се замени.

Печатење со 9600dpi со капки на мастило од 1pl
FINE технологијата на глави за печатење од Canon со ситни капки мастило од 1pl и резолуцијата на печатење од 9600dpi ќе ви овозможат печатење со фото-лабораториски квалитет и исклучителна прецизност на текстот и графиката. Заштедете време преку директно печатење од кој било уред со Bluetooth можности со помош на опционалната Bluetooth единица (BU-30), преку поврзување со кој било фотоапарат компатибилен со PictBridge или преку користење на вградените влезови за мемориски картички.

ChromaLife100+
ChromaLife100+ системот** обезбедува долготрајни прекрасни фотографии благодарение на комбинацијата на FINE технологијата на глави за печатење од Canon, одредени типови оригинална хартија од Canon и оригинално мастило од Canon.

6,2cm TFT екран во боја
6,2cm TFT екранот во боја ќе ви овозможи јасно исчитување на менијата и прегледување на сликите вчитани од мемориските картички.

*Брзините на печатење се базираат на ISO/IEC FCD 24734 ESAT
**За повеќе информации за ChromaLife100 погледнете на www.canon-europe.com/chromalife100

 Испечати ја оваа страница 

Мастила, хартии и додатоци
Мастила и хартија на Канон
Количина на отпечатени страници
Мрежни уреди
Поддршка
Техничка поддршка
Преземање брошури
Преземање драјвер
ISO Print & Copy Speeds
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2009 година   |   Одредби и услови за употреба