Canon PIXMA MX885 Инкџет мултифункционални уреди
|
|
|
|
Уживајте во печатење на документи и фотографии со највисок квалитет со помош на овој "сè-во-едно" уред за во канцеларии. Покрај можноста за поврзување во мрежа и Wi-Fi, овој уред нуди и двострано печатење, копирање, испраќање факс и скенирање.
|
|
Карактеристики |
- "Сè-во-едно" уред со факс, Wi-Fi и етернет
- Стилски дизајн со црна боја
- TFT екран од 7,5cm и панел со двојна функција
- Двостран ADF механизам за 35 листови
- ISO ESAT 12,5 слики/мин. еднобојни / 9,3 слики/мин. во боја
- 5 одделни резервоари за мастило
- До 9600 dpi, мин. 1pl
- Фотографии од 10x15cm за приближно 20 сек.
- Скенирање на USB уред и мемориска картичка
|
|
| Врвен квалитет, брзина и едноставност, сето тоа во еден моќен "сè-во-едно" уред. |
|
Идеален за во домот или во канцеларијата Печатете, скенирајте, копирајте и праќајте факсови од речиси секаде во домот или канцеларијата со Wi-Fi и етернет поврзувањето. Секој може да ја сподели продуктивноста која ја нуди овој стилски, црн, "сè-во-едно" уред со можност за поврзување во мрежа - без потреба од кабли.
Едноставно користење Големиот TFT екран во боја од 7,5cm го олеснува прегледувањето на избраните функции и сликите. Панелот со двојна функција го менува изгледот во зависност од функцијата која се врши и го насочува корисникот кон саканите резултати.
Врвен фото-лабораториски квалитет Технологијата FINE од Canon со минимални капки мастило од 1pl овозможува резолуции на печатење до 9600dpi - за неверојатно детални фотографии и слики во боја. Фотографиите од 10x15cm може да се испечатат со фото-лабораториски квалитет за прибл. 20 секунди.
Обработка на документи со голема брзина Вршете автоматско скенирање, копирање или испраќање по факс на големи двострани документи на едноставен начин со целосно интегрираниот, двостран автоматски механизам за снабдување со документи (ADF) за 35 листови. Скенирање и зачувување во "компактен pdf" за добивање на мали фајлови, кои се идеални за зачувување и испраќање по e-mail. Автоматско двострано печатење, полнење хартија од 2 страни и фах со самостојно отворање кои обезбедуваат разновидност и едноставно користење.
Одделни резервоари за мастило PIXMA MX885 се одликува со 5 одделни резервоари за мастило. Во случај да снема некоја боја, само тој одделен резервоар треба да се замени.
Скенирање на USB уред или мемориска картичка Приклучокот за USB уред и мемориска картичка на предната страна овозможува скенирање на PDF и JPEG фајлови и од двата уреди – без компјутер.
Импресивни брзини Уживајте во печатење со одличен квалитет и брзини од прибл. 12,5 слики/мин. за еднобојни или 9,3 слики/мин. за документи во боја. Брзото вклучување му овозможува на овој "сè-во-едно" уред да биде подготвен за неколку секунди по вклучувањето.
Интелигентен софтвер Auto Document Fix го подобрува квалитетот и читливоста на скенираните документи, вршејќи интелигентно автоматско прилагодување на секоја страница. Со Easy-WebPrint EX можете да комбинирате и печатите содржини од повеќе веб-страници без напор. Печатењето фотографии никогаш не било полесно, благодарение на софтверот Easy-PhotoPrint EX, кој нуди функции како печатење од Full HD видео записи и директен пристап до Flickr®.
Додадена креативност CREATIVE PARK PREMIUM е интернет услуга која овозможува преземање на фотографии и илустрации од меѓународно признаени фотографи и уметници. Тие може да се употребат за создавање честитки и календари со професионален изглед и многу повеќе.
Долготрајни испечатени фотографии Системот ChromaLife100+ обезбедува прекрасни фотографии кои ќе траат доживотно. Главата за печатење FINE, оригиналните мастила и избраната хартија за фотографии од Canon нудат комбинација која ќе ги зачува вашите скапоцени спомени за идните генерации.
|
|
 |
|