Одете на почетната страница на Канон
Прелистајте ги вашите омилени производи на Канон и дознајте повеќе за нашите канцелариски решенија
Погледнете го нашиот возбудлив спектар на производи за корисници на професионални и домашни производи
Дознајте како Канон може да ви помогне да пронајдете совршено решение за вашата деловна активност
За сите информации за организацијата Канон
Детали за контакти во врска со глобалните активности на Канон
Целата техничка и друга помош која ви е потребна за да го добиете најдоброто од производите на Канон
Пронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон

Пронаоѓач на производ

Спореди производи

You Connect

Креативен парк

Услужете се сами

Нови производи

Производи и решенија

за дома

За на работа

За нас

Поддршка

Каде да
се купи

Контакт

Пребарај

Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Ласерски мултифункционални уреди > i-SENSYS MF4010

Canon i-SENSYS MF4010
Ласерски мултифункционални уреди

Архива на производи

i-SENSYS MF4010

Достапен, компактен и лесен за користење, ова комплетно решение за печатење, копирање и скенирање во боја е идеално за мали и домашни канцеларии. Брзото печатење на првата страница и отпечатоците со висок квалитет обезбедуваат максимална продуктивност.

Карактеристики

  • Достапен и компактен ласерски се-во-едно: печатач, машина за копирање, скенер во боја
  • Излегување на првата копија за помалку од 9 секунди
  • Перформанси на брзо прво печатење
  • 20 отпечатоци/копии во минута
  • Печатење со1200dpi x 1200dpi (подобрено)
  • Касета се-во-едно

Достапно, продуктивно и компактно решение за ласерско печатење, копирање и скенирање



Повеќе продуктивност во помал простор
Овој компактен ласерски мултифункционалец овозможува комплетна продуктивност на печатење, копирање и скенирање во боја, во една компактна единица: Робустен и стилски, тој донесува професионални перформанси на вашата работна површина.

Без чекање
Времето на излегување на првата копија, пократко од 9 секунди, ви штеди време и го забрзува вашиот работен тек. Вклучете го и веднаш започнете да печатите или да копирате. Со перформансите на брзо прво печатење речиси да нема време на загревање од режимот на мирување. Така што веќе не треба да чекате наоколу секојпат кога ви треба да отпечатите или да ископирате само неколку страници.

Штеди енергија
Нашата технологија на фиксирање по потреба, која ги овозможува перформансите на брзо прво печатење, помага и во ефикасно намалување на трошоците за струја. Во комбинација со тонерот „по-потреба„ , тој ја намалува потрошувачката на струја до 75% во споредба со вообичаената метода на фиксирање на валјаците.

Ласерско печатење со висок квалитет, со голема брзина
Излезната брзина е 20 страници во минута, за печатење и копирање. Подобрена резолуција на печатење од 1200 x 600dpi испорачува професионално печатење на текст и графики со ласерски квалитет. Можете да ги искористете предностите и од брзината и од квалитетот, без компромис.

Разновидно скенирање во боја
Скенирајте документи и фотографии во боја директно од компјутерските апликации, до е-пошта или во PDF со можност за пребарување текст. Високата резолуција од 9600 x 9600dpi (подобрена) овозможува оптимални резултати. Претворете ги хартиените документи во дигитални документи, што лесно се уредуваат и споделуваат, со помош на MF алатникот. Софтверот за OCR овозможува лесно пребарување на документите со помош на специфични клучни зборови.

Едноставна касета се-во-едно
Едноставно заменете ја касетата се-во-едно, која го содржи тонерот и сите суштински делови, и вашиот мултифункционалец е повторно како нов. Менувајте ги патроните за само неколку секунди и искористете ги предностите од постојани резултати со висок квалитет.

Напредно ракување со хартијата
Фах за хартија од 250-листа (макс. A4), повеќенаменски магацин за единечни листови, како и голем излезен магацин, обезбедуваат флексибилно ракување со хартијата.

Продуктивно работење во мрежа
Изборниот сервер за печатење AXIS 1650 нуди продуктивно мрежно печатење и скенирање во боја. Лесен за поставување и ракување, тој и овозможува на мала работна група целосно споделување на овие функции преку нивните поврзани компјутери.

 Испечати ја оваа страница 

Преземања

Брошури
Драјвери

Сродни производи

Печатачи со ласерски зраци
Ласерски факс уреди
Дигитални персонални уреди за копирање

  © Заштитени авторски права 2009 година   |   Одредби и услови за употреба