Компактна практичност се-во-едно - i-SENSYS MF4120 има мали димензии, така што лесно ќе се вклопи на вашата маса. Компактен и стилски, тој овозможува професионално ласерско печатење, копирање и скенирање во боја. Лесен за користење и одржување, тој ги максимизира ефикасноста и ги минимизира инвестициските трошоци.
Брзо до Прв Отпечаток за да ви заштеди време
Брзо до Прв Отпечаток за 9,6 секунди, нема чекање наоколу, секојпат кога сакате да печатите. Благодарение на технологијата за фиксирање по потреба, UFRII LT брзата обработката и EF тонерот со висок квалитет, апаратот стапува во акција веднаш штом ви треба.
Ласерско печатење со висок квалитет, со голема брзина
Излезната брзина е 20 страници во минута, за печатење и копирање. Подобрена резолуција на печатење од 1200 x 600dpi испорачува професионално печатење на текст и графики со ласерски квалитет. Можете да ги искористете предностите и од брзината и од квалитетот, без компромис.
Автоматско двострано печатење
Скратете ги трошоците за хартија со автоматско двострано печатење. А и помагате и на животната средина со намалување на трошењето хартија.
Разновидно скенирање во боја
Скенирајте документи и фотографии во боја директно во компјутерските апликации, е-пошта или PDF со можност за пребарување текст. Претворете ги хартиените документи во дигитални документи, што лесно се уредуваат и споделуваат, со помош на MF алатникот. Софтверот за OCR овозможува лесно пребарување на документите со помош на специфични клучни зборови. Интерфејсот USB2.0 Hi-Speed го забрзува преносот на сликите помеѓу мултифункционалецот и компјутерот.
Едноставна касета се-во-едно
Едноставно заменете ја касетата се-во-едно, која го содржи тонерот и сите суштински делови, и вашиот мултифункционалец е повторно како нов. Менувајте ги касетите за само неколку секунди и искористете ги предностите од постојани резултати со висок квалитет.
Продуктивно работење во мрежа
Изборниот сервер за печатење AXIS 1650 нуди продуктивно мрежно печатење и скенирање во боја. Лесен за поставување и ракување, тој и овозможува на мала работна група целосно споделување на овие функции преку нивните поврзани компјутери.
|