За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Ласерски мултифункционални уреди > i-SENSYS MF4140

Canon i-SENSYS MF4140
Ласерски мултифункционални уреди

MF4140

Добијте ласерско печатење, испраќање факсови, копирање и скенирање со висок квалитет, со помош на овој компактен и стилски се-во-едно. Скратете ги времето и трошоците за хартија со автоматско двострано печатење.

Карактеристики

  • Компактен ласерски печатач, телефакс, фотокопир, скенер во боја
  • Брзо до Прв Отпечаток за 9,6 секунди
  • Печатење со 20 стр/мин, 1200dpi x 1200dpi (подобрено)
  • Super G3 факс, меморија за факс од 250-страници*
  • Автоматско двострано печатење
  • Касета се-во-едно
Брз, лесен за користење ласер се-во-едно, со автоматско двострано печатење.



Компактен, комплетен се-во-едно
Компактен, робустен и стилски i-SENSYS MF4140 овозможува професионално ласерско печатење, испраќање факсови, копирање и скенирање во боја. Тој има мала големина на основата, така што лесно ќе се вклопи на вашата маса. Лесен за користење и одржување, тој ги максимизира ефикасноста и ги минимизира инвестициските трошоци.

Брзо до Прв Отпечаток за заштеда на време

Брзо до Прв Отпечаток за 9,6 секунди, нема чекање наоколу, секојпат кога сакате да печатите. Благодарение на технологијата за фиксирање по потреба, UFRII LT брзата обработката и EF тонерот со висок квалитет, апаратот стапува во акција веднаш штом ви треба.

Ласерско печатење со висок квалитет, со голема брзина

Излезната брзина е 20 страници во минута, за печатење и копирање. Подобрена резолуција на печатење од 1200 x 600dpi испорачува професионално печатење. Можете да ги искористете предностите и од брзината и од квалитетот, без компромис.

Професионално испраќање факсови

Модемот за факс Super G3 испраќа факсови за 3 секунди по страница* за да ги скрати комуникациските трошоци. Факс меморијата за 256-страници* fбезбедно ги чува дојдовните факсови ако се потрошат хартијата или тонерот - а факсовите може да се испраќаат и од меморијата. Технологијата на ултра-висок квалитет со сива скала од 256 нијанси, обезбедува сите детали да излезат јасно, кога се испраќа комбинација од дијаграми, фотографии и текст.

Автоматско двострано печатење

Скратете ги трошоците за хартија со автоматско двострано печатење. А и помагате и на животната средина со намалување на трошењето хартија.

Касета се-во-едно

Едноставно заменете ја касетата се-во-едно, која го содржи тонерот и сите суштински делови, и вашиот i-SENSYS е повторно како нов. Менувајте ги касетите за само неколку секунди и искористете ги предностите од постојани резултати со висок квалитет.

Разновидно скенирање во боја

Скенирајте ги вашите документи и фотографии во боја директно во компјутерските апликации, е-пошта или PDF. Претворете ги хартиените документи во дигитални документи, кои лесно се споделуваат, со помош на софтверот за MF алатник. Софтверот за OCR овозможува лесно пребарување на документите со помош на специфични клучни зборови. Интерфејсот USB2.0 Hi-Speed го забрзува преносот на сликите помеѓу уредот и компјутерот.

Продуктивно работење во мрежа

Изборниот сервер за печатење AXIS 1650 нуди продуктивно мрежно печатење, испраќање факсови преку компјутер и скенирање во боја. Лесен за поставување и ракување, тој и овозможува на мала работна група целосно споделување на овие функции преку нивните поврзани компјутери.

* Базирано на ITU-T стандардна табела бр. 1

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Брошури
Драјвери
Сродни производи
Печатачи со ласерски зраци
Ласерски факс уреди
Дигитални персонални уреди за копирање
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2009 година   |   Одредби и услови за употреба