Печатете, испраќајте факсови, копирајте и скенирајте совршено, со помош на овој комплетен и компактен ласер се-во-едно. Автоматскиот механизам за вовлекување документи, за 35 листа, и автоматското двострано печатење ја зголемуваат вашата продуктивност.
|
- Компактен ласерски печатач, телефакс, фотокопир, скенер
- Брз Прв Отпечаток за 9,6 секунди
- Печатење 20 стр/мин, 1200dpi x 1200dpi (подобрено)
- Super G3 факс, меморија за факс од 250-страници*
- ADF за 35-страници
- Автоматско двострано печатење
- Касета се-во-едно
|
Повеќе продуктивност во помал простор Добијте професионално ласерско печатење, испраќање факсови, копирање и скенирање во боја, во најмал можен простор. Компактен и стилски i-SENSYS MF4150 е лесен за користење и за сместување Обезбедувајќи максимална продуктивност за минимална инвестиција.
Брз Прв Отпечаток за заштеда на време
Со Брз Прв Отпечаток за 9,6 секунди, нема чекање наоколу кога сакате да печатите. Благодарение на технологијата за фиксирање по потреба, UFRII LT брзата обработката и EF тонерот со висок квалитет, апаратот стапува во акција веднаш штом ви треба.
Ласерско печатење со висок квалитет, со голема брзина
Излезната брзина е 20 страници во минута, за печатење и копирање. Подобрена резолуција на печатење од 1200 x 600dpi испорачува професионално печатење. Искористете ги предностите и од брзината и од квалитетот, без компромис.
Професионално испраќање факсови
Модемот за факс Super G3 испраќа факсови за 3 секунди по страница* за да ги скрати комуникациските трошоци. Факс меморијата за 256-страници* безбедно ги чува дојдовните факсови ако се потрошат хартијата или тонерот. Технологијата на ултра-висок квалитет обезбедува сите детали да излезат јасно, кога се испраќа комбинација од дијаграми, фотографии и текст.
Автоматски механизам за вовлекување документи, за 35 листа
Лесно ќе копирате, испраќате по факс и скенирате документи со повеќе страници, со помош на автоматскиот механизам за вовлекување, за 35 листа. Ќе заштедите време, бидејќи нема потреба од делење на големите документи.
Автоматско двострано печатење
Скратете ги трошоците за хартија со автоматско двострано печатење. Добијте документи со професионален изглед, додека штедите пари.
Касета се-во-едно
Едноставно заменете ја касетата се-во-едно, која го содржи тонерот и сите суштински делови, и вашиот мултифункционалец е повторно како нов. Менувајте ги касетите за само неколку секунди и искористете ги предностите од постојани резултати со висок квалитет.
Разновидно скенирање во боја
Скенирајте ги вашите документи и фотографии во боја директно во компјутерските апликации, е-пошта или PDF. Претворете ги хартиените документи во дигитални документи, со помош на софтверот за MF алатник. Софтверот за OCR овозможува лесно пребарување на документите со помош на клучни зборови. Интерфејсот USB2.0 Hi-Speed го забрзува преносот на сликите помеѓу уредот и компјутерот.
Продуктивно работење во мрежа
Изборниот сервер за печатење AXIS 1650 нуди продуктивно мрежно печатење, испраќање факсови преку компјутер и скенирање во боја. Лесен за поставување и ракување, тој и овозможува на мала работна група целосно споделување на овие функции преку нивните поврзани компјутери.
* Базирано на ITU-T стандардна табела бр. 1
|