Овој компактен се-во-едно, со подготовка за мрежа, им нуди на малите канцеларии продуктивно ласерско печатење, испраќање факсови, копирање и скенирање во боја. Скратете ги трошоците за хартија и креирајте професионални документи со двострано печатење.
|
- Печатете, испраќајте факсови, копирајте, скенирајте во боја
- Вграден мрежен интерфејс
- Модем за факс Super G3
- Автоматска двонасочна обработка
- Нула време за загревање од режим на спиење
- Излегување на првата копија за помалку од 9 секунди
- 20 стр/мин, до 1200x600dpi резолуција на печатење
- Автоматски механизам за вовлекување документи, за 35 листа
|
Продуктивност што штеди простор Овој стилски мултифункционалец е идеалното решение за малите канцеларии, кои сакаат да ја зголемат продуктивноста и да заштедат простор. Искористете ги предностите од професионално печатење, испраќање факсови, копирање и скенирање во боја, во компактна единица за на работната површина.
Лесно поврзување во мрежа Споделете го печатењето и испраќањето факсови преку компјутер, со помош на вградената мрежна картичка. Далечинскиот кориснички интерфејс му овозможува на корисникот да го види статусот на печатачот преку својот стандарден Интернет-прелистувач. Покрај тоа, администраторите можат да ги контролираат нагодувањата на апаратот.
Брзо испраќање факсови со висок квалитет Модемот за факс Super G3 испраќа факсови за само 3 секунди по страница* за да ви ги скрати комуникациските трошоци. Факс меморијата за 256-страници* безбедно ги чува факсовите ако се потрошат хартијата или тонерот. Скенирајте ги документите во меморијата пред да ги испраќате за да заштедите време.
Нашата технологијата на ултра-висок квалитет на обработка на сликата обезбедува сите детали да излезат јасно, кога испраќате документи, кои содржат дијаграми, фотографии или ситен текст.
Скратете ги трошоците за хартија Скратете ги трошоците за хартија и креирајте документи со професионален изглед, со помош на автоматското двострано печатење.
Штедете време, штедете енергија Забрзајте го работниот тек Со речиси нула време на загревање од режим на спиење и со време на излегување на првата копија од помалку од 9 секунди, нема веќе чекање на отпечатоците или копиите. Заштедете и на трошоците за струја, бидејќи овој економичен уред троши само 3 вати во режимот на спиење.
Висок квалитет на печатење, со голема брзина Лесно ќе печатите и копирате големи документи со повеќе страници, благодарение на големата брзина на печатење од 20 стр/мин. Подобрената резолуцијата на печатење до 1200 x 600 dpi обезбедува отпечатоци со висок квалитет, со остар текст и јасна графика.
Автоматски механизам за вовлекување документи, за 35 листа Брзо и лесно ќе копирате, испраќате по факс и скенирате документи со повеќе страници, со помош на автоматскиот механизам за вовлекување, за 35 листа. Магацин за 250 листа хартија и повеќенаменскиот магацин нудат флексибилно работење со хартијата.
Разновидно скенирање во боја Кориснички прилагоден софтвер за MF алатник овозможува брз пристап до разни функции за скенирање во боја, вклучувајќи скенирање во pdf и скенирање во е-пошта. Претворете ги хартиените документи во дигитални документи, со помош на софтверот за пратечкиот софтвер за OCR.
Касета се-во-едно Касетата се-во-едно ги намалува потребите од одржување и обезбедува постојани резултати со висок квалитет. Едноставно заменете ја компактната касета - која содржи тонер, барабан и единици за чистење - и вашиот печатач е повторно како ‘нов’.
* Базирано на ITU-T стандардна табела бр.1
|