Canon i-SENSYS MF4340d Ласерски мултифункционални уреди
|

|
|
|
Овој компактен и комплетен моно ласерски Сè-во-едно, им ја додава на професионалното ласерско печатење, копирањето и скенирањето и функционалноста за испраќање факсови. Брзо и економичен, тој е опремен и со автоматско двострано печатење.
|
|
Карактеристики |
- Сè-во-едно: печатење, испраќање факсови, копирање и скенирање
- 22 ppm/cpm, печатење до 1200 x 600 dpi
- Време на прво печатење: 9 секунди или помалку
- Штеди енергија
- Автоматско двострано печатење
- Скенирајте во боја, снимете во PDF
- Модем за факс Super G3
|
|
Компактен, комплетен и практичен ласерски Сè-во-едно |
|
Функционалност Сè-во-едно Овој компактен мултифункционалец овозможува целосно печатење, испраќање факсови, копирање и скенирање во боја, во единица која го штеди просторот. Лесен за користење и одржување, тој ги максимизира ефикасноста и ги минимизира инвестициските трошоци.
Брзи, професионални резултати Забрзајте го работниот тек со продуктивно печатење и копирање со брзи 22 ppm/cpm. Зголемената резолуција на печатење до 1200 x 600 dpi испорачува професионални ласерски резултати за сета ваша работа, со остар текст и фина графика.
Брзина која штеди време и енергија Благодарение на технологиите за печатење Quick First, нема веќе чекање или губење време. Со моментално загревање, машината ускокнува веднаш штом ви треба. Овој економичен уред користи само 3 вати во режимот на спиење, обезбедувајќи висок степен на искористување на енергијата.
Автоматско двострано печатење Заштедете хартија и произведете професионални документи со практично автоматско двострано печатење. Намалената потрошувачка на хартија ја штити и животната средина.
Величествено скенирање во боја Скенирајте документи и фотографии во боја – со резолуција до 9600 x 9600 dpi - и снимете ги во разни формати на датотеки. Скенирајте директно во PDF за да го забрзате работниот тек и да креирате практични датотеки во PDF, кои можат да се пребаруваат. Вградениот софтвер за OCR (оптичко препознавање знаци) го претвора печатениот текст во електронски документи со можност за уредување, без комплицирано пречукување.
Брзо испраќање факсови Испраќајте ги документите по факс брзо и ефикасно, благодарение на модемот за факс Super G3. Факс меморијата за 256-страници* безбедно ги чува факсовите ако се потрошат хартијата или тонерот. Нашата технологија за ултра висок квалитет обезбедува при испраќањето на документите јасно да се пренесат дури и најситните детали.
Патрон Сè-во-едно Патронот Сè-во-едно обезбедува работа без одржување и постојани резултати со висок квалитет. Едноставно заменете го компактниот патрон - кој содржи тонер, барабан и единици за чистење - со автентичен Canon-ов ласерски патрон и вашиот печатач е повторно како нов.
* Базирано на ITU-T стандардна табела бр.1
|
|
 |
|