Стилски и компактен Нудејќи одлична вредност за парите, овој елегантен повеќефункционален уред нуди функции за висококвалитетно печатење, копирање и скенирање во само еден уред кој заштедува простор. Со својот црн стилски дизајн и малата површина која ја зафаќа, тој изгледа одлично на секоја работна маса и е совршен за користење во домот или во малите канцеларии.
Извонреден квалитет на слика Подобрената резолуција на печатење до 1200 x 600 dpi обезбедува професионално ласерско печатење за сите ваши задачи, со остар текст и фина графика.
Едноставно користење i-SENSYS MF4410 се одликува со едноставен и интуитивен LCD интерфејс дизајниран за лесно ракување. Со 5 линии за текст плус анимации, можете брзо и лесно да пристапите до функциите и да проследите повеќе информации, заштедувајќи време и напор.
Заштеда на време и ефикасност Со брзина на печатење од 23 стр./мин. и брзо излегување на првата копија за помалку од 9 секунди, печатениот материјал и копиите се доставуваат во моментот кога ви се потребни. Со брзото враќање во функција од режим на мирување, благодарение на технологијата за брзо печатење на првата страница, долгото чекање на вашите документи е минато. Освен тоа, овој економичен уред користи само 3 вати во режим на мирување, со што нуди енергетска ефикасност.
Разновидно скенирање во боја Едноставно и разновидно скенирање на документи и фотографии во боја со користење на висока резолуција до 9600 x 9600 dpi. Фајловите можат да се скенираат директно на e-mail, или пребарувачки PDF фајлови користејќи го MF Toolbox, овозможувајќи брзо пронаоѓање во иднина.
"Сè-во-едно" картриџ "Сè-во-едно" картриџите кои може да се рециклираат обезбедуваат ракување без одржување и континуирано висококвалитетно печатење. Заменете го компактниот картриџ – кој содржи тонер, барабан и единици за чистење – со автентичен ласерски картриџ од Canon за неколку секунди и вашиот повеќефункционален уред повторно ќе биде како нов.
|