Овој стилски 3-во-1 црно-бел ласерски печатач нуди печатење, копирање, скенирање и снабдување со документи во само еден компактен уред. Тој е идеален за домови и мали канцеларии бидејќи е продуктивен, едноставен за користење и енергетски ефикасен.
|
Стилски и компактен Овој повеќефункционален уред нуди функции за висококвалитетно печатење, копирање и скенирање во еден навистина достапен пакет кој заштедува простор. Со малата површина која ја зафаќа и црниот стилски дизајн, тој претставува привлечен додаток на секоја работна маса и е идеален за употреба во домот или канцеларијата.
Извонреден квалитет на слика Подобрената резолуција на печатење до 1200 x 600 dpi обезбедува професионално ласерско печатење за сите ваши задачи, со остар текст и фина графика.
Автоматски механизам за снабдување со документи, за 35 листови Брзо и едноставно копирање и скенирање на документи со повеќе страни со автоматски механизам за снабдување со документи, за 35 листови.
Едноставно користење i-SENSYS MF4430 се одликува со едноставен и интуитивен LCD интерфејс дизајниран за лесно ракување. Со 5 линии за текст плус анимации, можете брзо и лесно да пристапите до функциите и да проследите повеќе информации, заштедувајќи време и напор.
Заштедете време и енергија Со брзина на печатење од 23 стр./мин. и брзо излегување на првата копија за помалку од 9 секунди, печатениот материјал и копиите се доставуваат во моментот кога ви се потребни. Со брзото враќање во функција од режим на мирување, благодарение на технологијата за брзо печатење на првата страница, долгото чекање на вашите документи е минато. Освен тоа, овој економичен уред користи само 3 вати во режим на мирување, со што нуди енергетска ефикасност.
Разновидно скенирање во боја Едноставно и разновидно скенирање на документи и фотографии во боја со користење на висока резолуција до 9600 x 9600 dpi. Фајловите можат да се скенираат директно на e-mail, или пребарувачки PDF фајлови користејќи го MF Toolbox, овозможувајќи брзо пронаоѓање во иднина.
"Сè-во-едно" картриџ "Сè-во-едно" картриџите кои може да се рециклираат обезбедуваат ракување без одржување и континуирано висококвалитетно печатење. Заменете го компактниот картриџ – кој содржи тонер, барабан и единици за чистење – со автентичен ласерски картриџ од Canon за неколку секунди и вашиот повеќефункционален уред повторно ќе биде како нов.
|