Компактен и стилски Овој компактен 4-во-1 уред со можност за поврзување во мрежа е дизајниран за мали тимови во канцеларијата или за лична употреба во домот. Продуктивност и стил кои нудат висококвалитетно печатење, копирање, скенирање и функција за праќање факсови во само еден уред кој заштедува простор.
Извонреден квалитет на слика Подобрената резолуција на печатење до 1200 x 600 dpi обезбедува професионално ласерско печатење за сите ваши задачи, со остар текст и фина графика. Воодушевете ги потрошувачите, колегите и пријателите со двострано печатење на документи со професионален изглед – и истовремено заштедете хартија.
Автоматски механизам за снабдување со документи, за 35 листови За зголемување на продуктивноста, можете лесно да копирате, скенирате и испраќате документи со повеќе страници преку факс користејќи го вградениот ADF за 35 листови.
Подготвен за мрежно поврзување i-SENSYS 4570dn нуди можност за поврзување во мрежа, овозможувајќи им на малите тимови лесно да ги споделат неговите продуктивни можности. Освен можноста за мрежно скенирање, далечинскиот кориснички интерфејс им овозможува на корисниците и администраторите директно управување и следење на статусот на машината преку нивните веб-пребарувачи.
Едноставно користење i-SENSYS MF4570dn се одликува со едноставен и интуитивен LCD интерфејс дизајниран за лесно ракување. Со 5 линии за текст плус анимации, можете брзо и лесно да пристапите до функциите и да проследите повеќе информации, заштедувајќи време и напор.
Заштедете време и енергија Со брзина на печатење од 25 стр./мин. и брзо печатење на првата страница за помалку од 9 секунди, печатениот материјал и копиите се доставуваат во моментот кога ви се потребни. Со брзото враќање во функција од режим на мирување, благодарение на технологијата за брзо печатење на првата страница, долгото чекање на вашите документи е минато. Освен тоа, овој економичен уред користи само 3 вати во режим на мирување, со што нуди енергетска ефикасност.
Разновидно скенирање во боја Едноставно и разновидно скенирање на документи и фотографии во боја со користење на висока резолуција до 9600 x 9600 dpi. Фајловите можат да се скенираат директно на e-mail, или пребарувачки PDF фајлови користејќи го MF Toolbox, овозможувајќи брзо пронаоѓање во иднина. Освен тоа, корисниците на Windows можат директно да скенираат преку мрежата користејќи го MF Toolbox.
"Сè-во-едно" картриџ "Сè-во-едно" картриџите кои може да се рециклираат обезбедуваат ракување без одржување и континуирано висококвалитетно печатење. Заменете го компактниот картриџ – кој содржи тонер, барабан и единици за чистење – со автентичен ласерски картриџ од Canon за неколку секунди и вашиот повеќефункционален уред повторно ќе биде како нов.
|