Овој ласерски се-во-едно, со подготовка за мрежа, нуди печатење, копирање и скенирање во боја, во една компактна единица. Скратете ги трошоците за хартија и креирајте професионални документи со помош на автоматскиот дуплекс.
|
Продуктивни перформанси Зголемете ја продуктивноста и заштедете простор, со i-SENSYS MF4660PL. Овој стилски, ласерски се-во-едно, обезбедува професионална функционалност на печатење, копирање и скенирање во боја, во една компактна единица.
Вграден автоматски дуплекс Практичното вградено автоматско двострано печатење ви штеди време и пари. Скратете ги трошоците за хартија и лесно произведувајте двострани документи и брошури со попрофесионален изглед.
Вградено работење во мрежа Со помош на вградената мрежна картичка, малите работни групи можат заеднички да го користат печатачот во мрежа. Далечинскиот кориснички интерфејс му овозможува на секој корисник да го види статусот на печатачот преку својот стандарден Интернет-прелистувач. Администраторите можат да ги гледаат и менуваат нагодувањата на мрежата и на машината.
Поддршка за PCL 5e/6 Поддршката за PCL5е/6 обезбедува беспрекорна интеграција во постојните опкружувања со PCL. Нашата сопствена технологија на печатачи, UFRII-LT, овозможува брза обработка и издавање.
Брзо излегување на првиот отпечаток Искористете ги предностите од брзо излегување на првата копија за само 8,5 секунди. Вклучете и започнете да печатите или да копирате речиси веднаш. Со перформансите на брзо прво печатење речиси да нема време на загревање од режимот на мирување
Висок квалитет на печатење, со голема брзина - i-SENSYS MF4660PL ги испорачува вашите документи во моментот кога ви требаат, со брзи 20 стр/мин. Подобрената резолуцијата на печатење од 1200 x 600 dpi обезбедува отпечатоци со висок квалитет, со остар текст и јасна графика.
Автоматски механизам за вовлекување документи, за 35 листа Стандардниот автоматски механизам за вовлекување документи, за 35 листа, ви дава лесно да копирате и да скенирате големи документи. Касетата за 250 листа хартија и повеќенаменски магацин за единечен лист, овозможуваат флексибилно ракување со хартијата.
Разновидно скенирање во боја Скенирајте ги документите и фотографиите во боја директно во компјутерските апликации, е-пошта или PDF. Претворете ги хартиените документи во дигитални документи, со помош на софтверот за MF алатник. Софтверот за OCR овозможува лесно пребарување на документите.
Касета се-во-едно Касетата се-во-едно ги намалува потребите од одржување и обезбедува постојани резултати со висок квалитет. Едноставно заменете ја компактната касета - која содржи тонер, барабан и единици за чистење - и вашиот печатач е повторно како ‘нов’.
Контролирајте ги трошоците за печатење/копирање Безбедносната функција за управување со ИД на одделение ви овозможува контрола на трошоците за копирање, така што го ограничува пристапот до апаратот само на овластен персонал.
|