Canon i-SENSYS MF4690PL i-SENSYS Ласерски мултифункционални уреди
Архива на производи
|
|
|
|
Овој компактен, разновиден ласерски се-во-едно, со Super G3, испорачува професионални отпечатоци со висок квалитет. Вграденото работење во мрежа и функционалноста SEND овозможуваат оптимална продуктивност на работната група.
|
|
Карактеристики |
- Ласерски печатач, факс, фотокопир, скенер во боја
- Вграден автоматски дуплекс
- Вградено работење во мрежа
- Функционалност SEND: скенирајте документи во боја директно до е-пошта, мрежа, факс или USB меморија
- Поддршка за PCL 5e/6
- Модем за факс Super G3
- Прв Отпечаток за 8,5 секунди
- 20 ppm/cpm, 1200x600dpi
|
|
| Разновиден центар за комуникација, со автоматски дуплекс, работење во мрежа и функционалност SEND |
|
Компактен и комплетен - i-SENSYS MF4690PL е компактен и стилски центар за комуникација. Тој нуди продуктивна и професионална функционалност на печатење, испраќање факсови, копирање и скенирање во боја, во една компактна единица.
Вграден автоматски дуплекс Практичното вградено автоматско двострано печатење ви штеди време и пари. Скратете ги трошоците за хартија и лесно произведувајте двострани документи и брошури со попрофесионален изглед.
Вградено работење во мрежа Со помош на вградената мрежна картичка, малите работни групи можат заеднички да го користат печатачот во мрежа. Далечинскиот кориснички интерфејс му овозможува на секој корисник да го види статусот на печатачот преку својот стандарден Интернет-прелистувач.
Функционалност SEND Скенирајте документи во боја директно во е-пошта, мрежа, факс или USB меморија, со помош на функционалноста SEND. Со Canon-овото високото компримирање на PDF, напредното скенирање за работна група е брзо и лесно.
Поддршка за PCL 5e/6 Поддршката за PCL5е/6 обезбедува беспрекорна интеграција во постојните опкружувања со PCL. Нашата сопствена технологија на печатачи, UFRII-LT, овозможува брза обработка и издавање.
Професионално испраќање факсови Модемот за факс Super G3 испраќа факсови за 3 секунди по страница* за да ги скрати комуникациските трошоци. Факс меморијата за 256-страници* безбедно ги чува дојдовните факсови ако се потрошат хартијата или тонерот. Технологијата на ултра висок квалитет обезбедува чист пренос на дијаграми, фотографии и текст.
Безбедност и контрола на трошоците Контролирајте и надгледувајте ги трошоците за испраќање факсови и за копирање и заштитете ги чувствителните информации, како на пример содржината на адресарот. - i-SENSYS MF4690PL нуди напредни безбедносни функции за ограничување на пристапот само на овластени корисници, преку Кориснички ИД или ИД на одделение.
Брзо излегување на првиот отпечаток Искористете ги предностите од брзо излегување на првата копија за само 8,5 секунди. Вклучете и започнете да печатите или да копирате речиси веднаш. Со перформансите на брзо прво печатење речиси да нема време на загревање од режимот на мирување.
Висок квалитет на печатење, со голема брзина Добијте ги документите во моментот кога ви требаат, со брзи 20 стр/мин. Подобрената резолуцијата на печатење од 1200 x 600 dpi обезбедува отпечатоци со висок квалитет, со остар текст и јасна графика.
ADF за 35-страници Стандардниот автоматски механизам за вовлекување документи, за 35 листа, ви дава лесно да копирате и да скенирате документи со повеќе страници.
Касета се-во-едно Касетата се-во-едно ги намалува потребите од одржување и обезбедува постојани резултати со висок квалитет. Едноставно заменете ја компактната касета - која содржи тонер, барабан и единици за чистење - и вашиот печатач е повторно како ‘нов’.
* Базирано на ITU-T стандардна табела бр. 1
|
|
 |
|