Овој компактен, енергетски ефикасен 3-во-1 повеќефункционален печатач со можност за поврзување во мрежа ги скратува трошоците, заштедува простор и ја забрзува продуктивноста на работната група, благодарение на моќната SEND функционалност и автоматското двострано печатење.
|
3-во-1 функционалност со заштеда на простор Специјално дизајниран за мали работни групи, i-SENSYS MF5840dn ви помага да ја исполните побарувачката за денешниот деловен свет. Овој 3-во-1 повеќефункционален печатач со можност за поврзување во мрежа содржи двострано печатење, скенирање и копирање во еден изненадувачки компактен канцелариски уред кој е едноставен за употреба и управување.
Заштедете време Со излезна брзина од 30 страници во минута и печатење на првата страница од само 8 секунди, печатениот материјал и копиите се доставуваат во моментот кога ви се потребни. Потребно ви е да скенирате или копирате двостран документ - без проблем. Автоматскиот двостран механизам за снабдување со документи за 50 листови лесно се справува со тоа. Исто така, предолгото чекање за печатачот да се загрее е минато. Со технологиите за брзо печатење на првата страница се овозможува брзо враќање во функција, така што нема да чекате за важен документ.
Извонреден квалитет на слика Без разлика дали треба да печатите остар текст и беспрекорна графика или да копирате со сите детали, i-SENSYS MF5840dn обезбедува црно-бели деловни документи со неверојатен квалитет.
Заштедете енергија и скратете ги вашите трошоци i-SENSYS MF5840dn, кој поседува Energy Star сертификат, ви помага да го намалите влијанието на печатењето врз околината, а воедно и да ги скратите трошоците. Со TEC* (Typical Electricity Consumption) рејтинг од само 1,321 KWh/неделно, вие добивате повеќе од овој енергетски ефикасен уред за печатење. Автоматското двострано печатење како стандард ви помага значително да ја скратите употребата на хартија.
Ги забрзува работните процеси Функционалноста SEND го трансформира начинот на скенирање документи за дистрибуирање, споделување или складирање. Скенирајте директно на e-mail, мрежен фолдер или на USB уред преку практичниот USB отвор. Компактните PDF фајлови на Canon, кои овозможуваат комбинација на најмала големина на фајл со висок квалитет на слика, се совршени за праќање преку e-mail и споделување.
Максимална продуктивност "Сè-во-едно" картриџ системот на Canon кој е едноставен за користење овозможува работење без одржување за секоја промена, со што секогаш се обезбедува испечатен материјал со висок квалитет. За дополнително зафатени работни групи, изборната касета го проширува капацитетот за снабдување со хартија до 800 листови.
Лесно управување и безбедност Поддршката за PCL5e/6 овозможува MF5840dn да се вклопи во секое деловно опкружување. Далечинскиот кориснички интерфејс му дозволува на администраторот на мрежата оддалеку да управува со поставувањето и набљудувањето на статусот преку веб-пребарувач. Управувањето со ID за оддели ги заштитува важните параметри, спречува неовластен пристап до функционалноста на машината и овозможува строга контрола на трошоците.
* TEC методологијата за тестирање е дефинирана од страна на Energy Star: http://www.eu-energystar.org
|