- Автоматско двострано печатење, копирање, испраќање факс и скенирање
- 33 страни/копии во минута, 8 секунди време до излегување на првата копија
- Копчиња со решенија за лесно скенирање, еколошко копирање и безбедно печатење
- Скенирајте на e-mail, мрежен фолдер и USB мемориски уред
- Можност за поврзување во мрежа, PCL5e/6
- Енергетска ефикасност
|
Компактен ласерски "сè-во-едно" уред Задоволете ги потребите на малите динамични работни групи со помош на исклучителните перформанси на овој компактен повеќефункционален уред со можност за поврзување во мрежа. i-SENSYS MF5940dn се одликува со едноставно користење и нуди двострано печатење, скенирање, копирање и испраќање факс само со еден тенок уред.
Заштеда на време i-SENSYS MF5940dn ја зголемува продуктивноста со својата излезна брзина од 33 стр./мин. и време на излегување на првата копија за помалку од 8 секунди што е водечка вредност во класата. Исто така и времето за почеток на печатењето е минимално, благодарение на технологијата за брз почеток на печатење. Автоматскиот двостран механизам за снабдување со документи, за 50 листови, за скенирање, копирање или испраќање преку факс на двострани документи, во комбинација со изборната касета која го проширува капацитетот за снабдување со хартија до 800 листови, исто така обезбедува побрза и поефикасна работа.
Еден допир, лесно користење Интуитивниот 5-линиски LCD екран нуди приказ на повеќе информации, така што корисниците ќе можат да извлечат максимум од достапните функции. За уште полесно користење, постојат копчиња за разни решенија со еден допир, кои овозможуваат брзо скенирање директно на вашиот PC; еко-копирање за комбинирање на повеќе страници во една отпечатена страница, со што ќе заштедите хартија и пари; и безбедно печатење, кое нуди безбеден начин за печатење на чувствителните документи и намалување на отпадот.
Забрзајте ги работни процеси Вашите документи дистрибутирајте ги побрзо и поефикасно со помош на SEND функционалноста од Canon. Таа ќе ви овозможи директно скенирање на e-mail, мрежен фолдер или USB мемориски уред. Дополнително, технологијата за компресија "компактен PDF" создава помали фајлови – со една десетина од големината која може да се постигне со стандардна компресија – без да се загрози квалитетот, со што многу се олеснува испраќањето и споделувањето на документите.
Едноставно управување Заштедете простор и скратете ги трошоците со еден уред со високи перформанси и можност за поврзување во мрежа кој ќе им биде достапен на сите во работната група. i-SENSYS MF5940dn лесно може да се управува преку мрежа, со помош на веб-пребарувач користејќи далечински кориснички интерфејс. Благодарение на компатибилноста со PCL5e/6 тој беспрекорно ќе се вклопи во вашето деловно опкружување.
Заштедете енергија и скратете ги трошоците Намалете го вашето влијание врз околината, истовремено скратувајќи ги трошоците. Усогласен со Energy Star стандардот, i-SENSYS MF5940dn е вистински предводник со една од најниските вредности за типична потрошувачка на енергија (TEC) – само 1,4 kWh. Во режим на мирување троши енергија од само 2,3 вати за поголема енергетска ефикасност. Автоматското двострано печатење дополнително ги намалува трошоците преку намалување на употребата на хартија.
|