За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Ласерски мултифункционални уреди > i-SENSYS MF6540PL

Canon i-SENSYS MF6540PL
Ласерски мултифункционални уреди

Архива на производи

MF6540PL

Заштедете време, простор и пари, со брзо, високо квалитетно ласерско печатење, копирање и скенирање во боја. Овој робустен, но стилски се-во-едно, вклучува PCL5e/6 компатибилност и изборно мрежно поврзување.

Карактеристики

  • Lасерски се-во-едно: печатач, фотокопир, скенер во боја
  • 22 стр/мин, резолуција на печатење 1200 x 600 dpi (подобрено)
  • PCL5e/6 компатибилност и изборно мрежно поврзување
  • Автоматски двостран механизам за вовлекување документи, за 50-страници
Професионален и високо квалитетен деловен центар за на работна површина.



Робустен и сигурен мултифункционалец
Извршете ги деловните потреби на вашата работна група брзо и ефикасно, со помош на овој робустен и сигурен мултифункционалец. Добијте продуктивно ласерско печатење, копирање и скенирање во боја, во една компактна единица. Значително скратете ги инвестициските трошоци и заштедете на канцелариски простор.

Ласерско печатење со висок квалитет, со голема брзина
Печатете и копирајте со 22 страници во минута, со ласерски отпечатоци со висок квалитет. Подобрена резолуција на печатење од 1200 x 600 dpi испорачува совршени резултати и за текст и за графика. Започнете да печатите во истиот миг, бидејќи со технологијата на Canon, за фиксирање на-барање, речиси нема време на загревање.

Изборно работење во мрежа со PCL компатибилност
Споделете ги ресурсите за печатење со изборниот сервер за печатење AXIS 1650 - кој обезбедува продуктивно работење во мрежа, од сите поврзани компјутери.
Покрај јазикот за печатачи UFR-II LT, на Canon, i-SENSYS MF6540PL има PCL5e и PCL6 компатибилност. Ова овозможува беспрекорно и некомплицирано работење во вашата постоечка мрежа.

Опции кои штедат време
Опциите кои штедат време овозможуваат лесно користење и зголемена продуктивност. Двостран автоматски механизам за вовлекување документи, за 50 страници, го забрзува двостраното печатење и копирање, без потреба од делење на подолгите документи. Стандардната касетата за 500 листа хартија и повеќенаменски магацин за 100 листа, соодветно ги задоволуваат вашите потреби за хартија. За интензивно користење достапна е и изборна касета за 500 листа.

Величествено скенирање во боја
Скенирајте ги документите и фотографиите во боја директно во PDF или во е-пошта. Оптичката резолуција на скенирање од 600 x 600 dpi, со резолуција зголемена до 9600x9600dpi, обезбедува максимум детали. Интерфејсот USB2.0 Hi-Speed го забрзува преносот на сликите помеѓу вашиот мултифункционалец и компјутерот.

Касета се-во-едно
Едноставно заменете ја касетата се-во-едно, која го содржи тонерот и сите суштински делови, и вашиот i-SENSYS MF6540PL е повторно како нов. Менувајте ги касетите за само неколку секунди и искористете ги предностите од постојани резултати со висок квалитет.

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Брошури
Драјвери
Сродни производи
Печатачи со ласерски зраци
Ласерски факс уреди
Дигитални персонални уреди за копирање
  © Заштитени авторски права 2011 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба