Искористете ги предностите од комплетен центар за печатење и комуникација. Овој се-во-едно нуди брзо и професионално ласерско печатење, испраќање факсови, копирање и скенирање во боја, со висок квалитет и со минимална инвестиција.
|
Се во едно, без компромиси Овој компактен и комплетен мултифункционалец брзо и ефикасно ги задоволува деловните потреби на вашата работна група. Искористете ги предностите од продуктивно и професионално ласерско печатење, испраќање факсови, копирање и скенирање во боја. Значително скратете ги инвестициските трошоци и заштедете на канцелариски простор.
Ласерско печатење со висок квалитет, со голема брзина Печатете и копирајте со 22 страници во минута, со ласерски отпечатоци со висок квалитет. Подобрена резолуција на печатење од 1200 x 600 dpi испорачува совршени резултати и за текст и за графика. Започнете да печатите во истиот миг, бидејќи со технологијата на Canon, за фиксирање на-барање, речиси нема време на загревање.
Брзо и професионално испраќање факсови Модемот за факс Super G3 испраќа факсови за брзи 3 секунди по страница* за да ги скрати комуникациските трошоци. Факс меморијата за 256-страници* безбедно ги чува дојдовните факсови ако се потрошат хартијата или тонерот. Технологијата на ултра-висок квалитет, на Canon, обезбедува сите детали да излезат јасно, кога се испраќа комбинација од дијаграми, фотографии и текст.
Опции кои штедат време Опциите кои штедат време овозможуваат лесно користење и зголемена продуктивност. Двостран автоматски механизам за вовлекување документи, за 50 страници, го забрзува двостраното печатење и копирање. Испраќајте факс дури и подолги документи, без да треба прво да ги поделите. Стандардната касетата за 500 листа хартија и повеќенаменски магацин за 100 листа, соодветно ги задоволуваат вашите потреби за хартија. За интензивно користење достапна е и изборна касета за 500 листа.
Изборно мрежно печатење Споделете ги ресурсите за печатење со изборниот сервер за печатење AXIS 1650 - кој нуди едноставно и беспрекорно поврзување во вашата постоечка мрежа. Максимизирајте го потенцијалот на вашиот i-SENSYS MF6550 и профитирајте од продуктивното мрежно печатење, директно од сите поврзани компјутери.
Величествено скенирање во боја Скенирајте ги документите и фотографиите во боја директно во PDF или во е-пошта. Оптичката резолуција на скенирање од 600 x 600 dpi, со резолуција зголемена до 9600 x 9600 dpi, обезбедува максимум детали. Интерфејсот USB2.0 Hi-Speed го забрзува преносот на сликите помеѓу вашиот мултифункционалец и компјутерот.
Касета се-во-едно Едноставно заменете ја касетата се-во-едно, која го содржи тонерот и сите суштински делови, и вашиот i-SENSYS MF6550 е повторно како нов. Менувајте ги касетите за само неколку секунди и искористете ги предностите од постојани резултати со висок квалитет.
* Базирано на ITU-T стандардна табела бр.1
|