За насЗа сите информации за организацијата Канон  |   Каде да се купиПронајдете го најблискиот добавувач на производи и решенија на Канон |   КонтактДетали за контакти во врска со глобалните активности на Канон Canon Makedonija
         
Почетна страница > за дома > Пронаоѓач на производ > Ласерски мултифункционални уреди > i-SENSYS MF6560PL

Canon i-SENSYS MF6560PL
Ласерски мултифункционални уреди

Архива на производи

MF6560PL

Комуникацискиот центар за на работна површина испорачува ласерско печатење, испраќање факсови, копирање и скенирање во боја, со голема брзина и висок квалитет. PCL5e/6 компатибилноста и изборното мрежно поврзување ја зголемуваат продуктивноста.

Карактеристики

  • Lасерски се-во-едно: печатач, факс, фотокопир, скенер во боја
  • 22 стр/мин, резолуција на печатење 1200 x 600 dpi (подобрено)
  • Модем за факс Super G3
  • PCL5e/6 компатибилност и изборно мрежно поврзување
  • Автоматски двостран механизам за вовлекување документи, за 50-страници
Комплетен комуникациски центар за на работна површина



Вашето деловно решение се-во-едно
Овој компактен и робустен се-во-едно, брзо и ефикасно се справува со сите деловни потреби на вашата работна група. Искористете ги предностите од продуктивно ласерско печатење, испраќање факсови, копирање и скенирање во боја. Значително скратете ги инвестициските трошоци и заштедете на канцелариски простор.

Ласерско печатење со висок квалитет, со голема брзина
Печатете и копирајте со 22 страници во минута, со ласерски отпечатоци со висок квалитет. Подобрена резолуција на печатење од 1200 x 600 dpi испорачува совршени резултати и за текст и за графика. Започнете да печатите во истиот миг, бидејќи со технологијата на Canon, за фиксирање на-барање, речиси нема време на загревање.

Брзо и професионално испраќање факсови
Модемот за факс Super G3 испраќа факсови за брзи 3 секунди по страница* за да ги скрати комуникациските трошоци. Факс меморијата за 1280-страници* безбедно ги чува дојдовните факсови ако се потрошат хартијата или тонерот. Технологијата на ултра-висок квалитет, на Canon, обезбедува сите детали да излезат јасно, кога се испраќа комбинација од дијаграми, фотографии и текст.

Изборно работење во мрежа со PCL компатибилност
Споделете ги ресурсите за печатење со изборниот сервер за печатење AXIS 1650 - кој обезбедува продуктивно работење во мрежа, од сите поврзани компјутери.
Покрај јазикот за печатачи UFR-II LT, на Canon, i-SENSYS MF6560PL има PCL5e и PCL6 компатибилност. Ова овозможува беспрекорно и некомплицирано работење во вашата постоечка мрежа.

Опции кои штедат време
Опциите кои штедат време овозможуваат лесно користење и зголемена продуктивност. Двостран автоматски механизам за вовлекување документи, за 50 страници, го забрзува двостраното печатење и копирање. Испраќајте факс дури и подолги документи, без да треба прво да ги поделите. Стандардната касетата за 500 листа хартија и повеќенаменски магацин за 100 листа, соодветно ги задоволуваат вашите потреби за хартија. За интензивно користење достапна е и изборна касета за 500 листа.

Величествено скенирање во боја
Скенирајте ги документите и фотографиите во боја директно во PDF или во е-пошта. Оптичката резолуција на скенирање од 600 x 600 dpi, со резолуција зголемена до 9600 x 9600 dpi, обезбедува максимум детали. Интерфејсот USB2.0 Hi-Speed го забрзува преносот на сликите помеѓу вашиот мултифункционалец и компјутерот.

Касета се-во-едно
Едноставно заменете ја касетата се-во-едно, која го содржи тонерот и сите суштински делови, и вашиот i-SENSYS MF6560PL е повторно како нов. Менувајте ги касетите за само неколку секунди и искористете ги предностите од постојани резултати со висок квалитет.

* Базирано на ITU-T стандардна табела бр.1

 Испечати ја оваа страница 

Преземања
Брошури
Драјвери
Сродни производи
Печатачи со ласерски зраци
Ласерски факс уреди
Дигитални персонални уреди за копирање
  © Заштитени авторски права 2011 година   |   Одредби и услови за употреба   |   Sitemap
  © Заштитени авторски права 2010 година   |   Одредби и услови за употреба