Добијте брзо ласерско печатење, испраќање факсови, копирање и скенирање во боја, со високи перформанси, во еден робустен уред. Вграденото работење во мрежа и PCL5e/6 компатибилноста го прават идеален за споделување на мултифункционалните ресурси.
|
- Lасерски се-во-едно, со подготовка за мрежа: печатач, факс, фотокопир, скенер во боја
- 22 стр/мин, резолуција на печатење 1200 x 600 dpi (подобрено)
- PCL5e, PCL6 компатибилност
- Модем за факс Super G3
- Автоматски двостран механизам за вовлекување документи, за 50-страници
|
Едно решение за сите ваши потреби Пуштете еден компактен и робустен уред, брзо и ефикасно да се справува со сите деловни потреби на вашата работна група. Искористете ги предностите од продуктивно ласерско печатење, испраќање факсови, копирање и скенирање во боја. Споделете ги ресурсите за печатење со помош на вграденото работење во мрежа, директно од сите поврзани компјутери. Значително скратете ги инвестициските трошоци и заштедете на канцелариски простор.
Ласерско печатење со висок квалитет, со голема брзина Печатете и копирајте со 22 страници во минута, со ласерски отпечатоци со висок квалитет. Подобрена резолуција на печатење од 1200 x 600 dpi испорачува совршени резултати и за текст и за графика. Започнете да печатите во истиот миг, бидејќи со технологијата на Canon, за фиксирање на-барање, речиси нема време на загревање.
Практична PCL компатибилност Покрај јазикот за печатачи UFR-II LT, на Canon, i-SENSYS MP6580PL има PCL5e и PCL6 компатибилност. Ова овозможува беспрекорно и некомплицирано работење во вашата постоечка мрежа.
Брзо и професионално испраќање факсови Модемот за факс Super G3 испраќа факсови за брзи 3 секунди по страница* за да ги скрати комуникациските трошоци. Факс меморијата за 1280-страници* безбедно ги чува дојдовните факсови ако се потрошат хартијата или тонерот. Технологијата на ултра-висок квалитет, на Canon, обезбедува сите детали да излезат јасно, кога се испраќа комбинација од дијаграми, фотографии и текст.
Опции кои штедат време Опциите кои штедат време овозможуваат лесно користење и зголемена продуктивност. Двостран автоматски механизам за вовлекување документи, за 50 страници, го забрзува двостраното печатење и копирање. Испраќајте факс дури и подолги документи, без да треба прво да ги поделите. Стандардната касетата за 500 листа хартија и повеќенаменски магацин за 100 листа, соодветно ги задоволуваат вашите потреби за хартија. За интензивно користење достапна е и изборна касета за 500 листа.
Величествено скенирање во боја Скенирајте ги документите и фотографиите во боја директно во PDF или во е-пошта. Оптичката резолуција на скенирање од 600 x 600 dpi, со резолуција зголемена до 9600 x 9600 dpi, обезбедува максимум детали. Интерфејсот USB2.0 Hi-Speed го забрзува преносот на сликите помеѓу вашиот мултифункционалец и компјутерот.
Касета се-во-едно Едноставно заменете ја касетата се-во-едно, која го содржи тонерот и сите суштински делови, и вашиот i-SENSYS MF6580PL е повторно како нов. Менувајте ги касетите за само неколку секунди и искористете ги предностите од постојани резултати со висок квалитет.
* Базирано на ITU-T стандардна табела бр.1
|